30 август (настани)
шаблон на Викимедија
1721 | Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва. |
1918 | Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти. |
1922 | Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција. |
1990 | Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“. |
1994 | Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија. |