15 минути (филм)
15 минути (англиски: 15 Minutes) е американски филм од 2001 година, во режија на Џон Херцфелд. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро, Едвард Барнс, Олег Тактаров, Шарлиз Терон итн.
Содржина
уредиВо филмот се зборува за двајца криминалци од Источна Европа, Олег (го игра Тактаров) и Емил, кои доаѓаат во Њујорк. Согледувајќи ја моќта на медиумите, тие се решени да ги снимат своите криминални акции и така да станат познати на Западот. Детективот Еди Флеминг (го игра де Ниро) ги истражува нивните убиства.[1] [2] [3]