.NET Framework

Софтверска платформа развиена од Мајкрософт

Microsoft .NET Framework е софтверски систем кој може да биде инсталиран на компјутери покренати на Microsoft Windows оперативни системи. Тој содржи голема библиотека на кодирани солуции за општо програмирани проблеми и за виртуелни машини кои го раководат извршувањето на програмите напишани специјално за овој системот. .NET Framework е клуч на Microsoft кој нуди и има намера да биде користен од многуте нови апликации создадени за Windows платформа.

.NET Framework
.Net Framework Logo
.Net Framework Logo
Програмер:Microsoft
Најново издание:3.5.30729.1 (3.5 SP1)
Преглед издание:4.0 (4.0 B1) /
ОС:Windows NT 4.0, Windows 98 и понови верзии
Намена: Софтверски систем
Лиценца:MS-EULA, BCL под Microsoft Reference License[1]
Мреж. место: msdn.microsoft.com/netframework

Библиотека на основни класи на овој систем обезбедува голема низа на можности вклучувајќи и кориснички интерфејс, податоци и пристап кон податоци, врска со база на податоци, криптографија, развој на семрежни прилози, бројчени алгоритми и мрежна комуникација. Библиотеката на класи е користена од прогамери, кои ги комбинираат со нивен сопствен код за производство на апликации.

Програмите напишани за .NET Framework извршување во софтверска околина ги раководи побарувањата на стартување на програмите. Исто дел од .NET Framework, ова околинско стартување е познато како Common Language Runtime (CLR). CLR го обезбедува изгледот на апликативна виртуелна машина така што програмерите не треба да размислуваат за капацитетот на специфичен процесор (CPU) што ќе ја изврши програмата. Исто така CLR обезбедува други важни сервиси како безбедност, менаџмент на меморија и exception handling. Библиотеката на класи и CLR заедно го сочинува .NET Framework.

3.0 верзијата на .NET Framework е вклучена во Windows Server 2008 и Windows Vista. Моменталната верзија од системот исто така може да биде инсталирана на Windows XP и на Windows Server 2003 фамилијата на оперативни системи. Самалената «компактна» верзија на .NET Framework е исто достапна на Windows Mobile платформите, вклучувајќи ги и паметните телефони. Верзијата 4.0 на системот е издадена на 20 мај 2009 и сѐ уште е во бета-издание.

Верзии

уреди

Microsoft започна развој на .NET Framework во касните 90-ти, оригинално под името на Next Generation of Windows Services (NGWS). Подоцна во 2000 беше издадена првата бета верзија на .NET 1.0.

 
.NET Framework множество.
Верзија Број на верзија Датум на издавање Visual Studio Default во Windows
1.0 1.0.3705.0 13.02.2002 Visual Studio .NET
1.1 1.1.4322.573 24.04.2003 Visual Studio .NET 2003 Windows Server 2003
2.0 2.0.50727.42 07.11.2005 Visual Studio 2005
3.0 3.0.4506.30 06.11.2006 Windows Vista, Windows Server 2008
3.5 3.5.21022.8 19.11.2007 Visual Studio 2008 Windows 7, Windows Server 2008 R2
4.0 Beta 1 20.05.2009 Visual Studio 2010

.NET Framework 1.0

уреди
 
Старото .NET Framework лого

Ова е прво издание на .NET Framework, издадено на 13 февруари 2002 и возможно за Windows 98, Me, NT 4.0, 2000 и XP. Главната поддршка од Microsoft за оваа верзија е завршенa на 10 јули 2007, и проширената поддршка завршува на 14 јули 2009.

.NET Framework 1.1

уреди

Ова е прва поважна надградба на .NET Framework. Таа е достапна на својот сопствен редистрибутивен пакет или софтверска алатка во развој, и објавен е на 3 април 2003. Исто така е дел од второто издание на Microsoft Visual Studio .NET (издадено како Visual Studio .NET 2003). Ова е прва верзија на .NET Framework која е вклучена како дел од Windows оперативниот систем, транспортирана со Windows Server 2003. Главна поддршка за .NET Framework завршува на 14 октомври 2008, и продолжената поддршка завршува на 8 октомври 2013. .NET 1.1 е компонента на Windows Server 2003, и продолжената поддршка за .NET 1.1. на Server 2003 ќе заврши на 14 јули 2015.

.NET Framework 2.0

уреди

Издаден со Visual Studio 2005, Microsoft SQL Server 2005 и BizTalk 2006.

  • 2.0 редистрибутивниот пакет може да се симне бесплатно од страницата на Microsoft, и беше објавен на 22 јануари 2006.
  • 2.0 софтверската развојна алатка (SDK) може да се симне бесплатно од страницата на Microsoft.
  • Таа е вметната како дел од Visual Studio 2005 и Microsoft SQL Server 2005.
  • Верзијата 2.0 без некој сервисен пакет е последната верзија со поддршка за Windows 98 и Windows Me. Верзијата 2.0 со сервисен пакет 2 е последната верзија со официјална поддршка за Windows 2000 но сепак имаше некои неофицијални работни околини објавени онлајн за користење на подсетови на функионалност од верзија 3.5 на Windows 2000. Верзијата 2.0 со сервисен пакет 2 побарува Windows 2000 со SP4 plus KB835732 или KB891861 надградба, Windows XP со SP2 или понов и Windows Installer 3.1 (KB893803-v2).
  • Е транспортирана со Windows Server 2003 R2 (не е инсталиран).

.NET Framework 3.0

уреди

.NЕТ Framework 3.0, со поранешно име WinFX бешe објавен на 21 ноември 2006. Тој вклучува нови сетови на управувани кодови на API кои се интегрален дел од Windows Vista и Windows Server 2008 оперативните системи. Исто е достапен за Windows XP SP2 и Windows Server 2003. Нема некои главни промени на архитектурата вклучени во ова издание, .NET Framework 3.0 користи Common Language Runtime од .NET Framework 2.0. За разлика од претходното главно .NET издание немаше .NET Compact Framework издание направено како копија од оваа верзија.

.NET Framework 3.0 содржи четири главни нови компоненти

  • Windows Presentation Foundation (WPF), порано со кодно име Avalon; подсистем со нов кориснички посредник и API засновано на XML и векторска графика, која користи 3D компјутерски графифички машинска опрема и Direct3D технологии.
  • Windows Communication Foundation (WCF), порано со кодно име Indigo; сервисно-ориентиран систем за пораки кои овозможува програмите локално или далечинско да влијаат кон соодветни web сервиси.
  • Windows Workflow Foundation (WF) овозможува градење на автоматски задачи и интегрирани трансакции користејќи workflow.
  • Windows CardSpace, порано со кодно име InfoCard; софтверска компонента која безбедно ги зачувува дигиталните идентификации на личности и овозможува обединет посредник за избор на идентитет за практична трансакција, како логирање на некој website.

.NET Framework 3.5

уреди

Верзијата 3.5 на .NET Framework беше издадена на 19 ноември 2007, но не беше вклучена со Windows Server 2008. Како .NET Framework 3.0, верзијата 3.5 користи CLR од верзијата 2.0. Во додаток, тоа инсталира .NET Framework 2.0 SP1, (инсталира .NET Framework 2.0 SP2 со 3.5 SP1) и .NET Framework 3.0 SP1 (инсталира .NET Framewrok 3.0 SP2 со 3.5 SP1), кој додава некои методи и својства на BCL класите во верзија 2.0 кои се задолжителни за верзијата 3.5 функција како Language Integrated Query (LINQ). Тие промени не влијаат на апликациите напишани за 2.0 верзијата.

Како со претходната верзија, новата .NET Compact Framewrok 3.5 беше издадена во тандем со оваа надградба со наредба да обезбеди поддршка за додатни функции на Windows Mobile и Windows Embedded CE уредите.

Изворниот код на библиотеката на основни класи во оваа верзија беше одделно издадена под Microsoft Referrence Source Licence.

Промени од верзија 3.0

  • Нови јазични функции во C# 3.0 и VB.NET 9.0 компајлер
  • Додадени поддршки за експресивни стебла и lambda методи
  • Методи на екстензија
  • Експресивни стебла за застапување на изворен код од високо ниво
  • Анонимни типов на статичен тип на изведување
  • Language Integrated Query (LINQ)
  • Paging поддршка за ADO.NET
  • Peer-to-peer мрежно множество, вклучувајќи управуван PNRP решавач
  • Менаџирани обвивки за Windows Menagement Instumentation и Active Directory API
  • Поддршка за HTTP pipelining и syndication feeds
  • ASP.NET AJAX е вклучен
  • Нов System.CodeDom именски простор

Наводи

уреди
  1. Guthrie, Scott (3 октомври 2007). „Releasing the Source Code for the NET Framework“. Scott Guthrie's Blog. Microsoft. Архивирано од изворникот на 7 September 2010. Посетено на 15 September 2010.