Пијанец (растение)

вид растение
(Пренасочено од ’Ржена трева)

'Пијанец[1] (латински: Lolium temulentum) – едногодишно отровно растение од потсемејството ливадарки во рамките на семејството треви. Растението може да нарасне до еден метар висина. Има глобална дистрибуција. Некогаш труењата со ова растение биле чести, но современите мерки за заштита на посевите довеле до негово скоро целосно искоренување.

Пијанец
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Род: Пијанка
Вид: Пијанец
Научен назив
Lolium temulentum
L.
Lolium temulentum

Токсикологија

уреди

Растението често е заразено со ендопаразитската габичка Neotyphodium coenophialum (сродник на Claviceps purpurea, причинител на ерготизмот), содржи невротоксилни индолни алкалоиди, што го прави целото растение отровно. Употребата на контаминирано брашно предизвикува симптоми на опиеност, како што се вртоглавица и визуелни нарушувања, во ретки случаи дури и смрт. Денес труењата со пијанец исчезнале, што е последица на употребата на хербициди во одгледувањето на житарици.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди