’Ржаново (рудник)
’Ржаново — рудник на фероникел во областа Тиквешко Мариово, во јужниот дел на Македонија. Наоѓалиштето е сместено во атарот на истоименото село.[1]
Отворањето на рудникот бил основа за изградба на тополницата Фени во близина на Кавадарци во 1982 година.[2]
Рудникот бил затворен во 2013 година од страна на претпријатието „Фени Индустри“.[3]
Руда
уредиРудата се јавува при контакт помеѓу јурските серпентнити и шкрилците во подината и кредните варовници. Просторно, рудниот слој има субвертикална положба и под влијание на силните тектонски движења има инверзна положба. Минералната асоцијација на ова наоѓалиште е: магнетит, хематит, клинохлор, талк, сепиолит, пирит, магхемит, пиротин, дигенит, милерит и др.[1]
Вкупно утврдени геолошки рудни резерви на фероникел се 42 милиони тони со 31% железо и 1,03% никел.[1]
Производство
уредиГодишното производство на рудникот било 800.000 тони руда, со околу 1% никел, 30% железо, 0,05% кобалт.[1]
Производството било прекинато во 2013 година од страна на претпријатието „Фени Индустри“, која го затворила рудникот, отпуштајќи ги неговите вработени.[3]
Транспортна лента
уредиПомеѓу отворениот коп на рудникот „’Ржаново“ и топилницата „Фени“ постои транспортна лента за превоз на руда, која спаѓа меѓу најдолгите на Балканот.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „'Ржаново“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1271. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 262. ISBN 9989-668-50-7.
- ↑ 3,0 3,1 „Рудникот 'Ржаново се затвори, работниците прогласени за технолошки вишок“. Faktor.mk. 16 јануари 2013. Посетено на 11 декември 2017.