Амфетамините се психопоттикнати синтетички материи наменети за медицински цели. Многу користени за време на Втората светска војна, за време на војната во Виетнам и од хипитата. Во првите години на користење се пропишани при депресивни состојби и како средство за слабеење.

Опис: се добиваат целосно синтетички. Тука спаѓаат: бензедрин , фентамин, векамин.

Најчесто користени амфетаминови дела се: метиламфетанин, метедрин, первитин.

Истите се познати под различни форми: таблети и инјекциозно.

Акција: предизвикува еуфорија, возбуда со чувство на енергија, зголемен тонус, зголемено расположение, супер активност, маскирање на заморот, зголемена работоспособност.

Директните физиолошки и психички ефекти се:сува уста, раширени зеници, зголемен крвен притисок, забрзан пулс, зголемена температура, забрзано дишење и прилив на енергија. Постојаната употреба води до оштетување на мозочните клетки, параноидна состојба, загриженост, тревожност, психички симптоми кои можат да прераснат во агресија, зголемен крвен притисок, кожни инфекции.

Последици: брзо развивање на толеранција и зголемување на дозата, апатија, несоница, депресија, дезориентација, тревожност, губење на апетитот, грчеви , понекогаш и смрт. Се развива силна психичка зависност.

Екстази: Психостимулант од вид на амфетамините. Прво е разработен како средство за намалување на апетитот. Во 1985 година е прогласен за нелегално средство.

Опис: Оваа дрога е многу раширена во форма на разнобојни таблети со различни минијатурни цртежи врз нив.

Акција: предизвикува желба за скокање и движење, за мир и среќа, ете зошто е користен во дискотеки и на забави . Користењето на таблети во комбинација со алкохол може да заврши со кома и смрт.

Директните физиолошки и психички ефекти: Независно од начинот на прифаќање, ефектот е многу силен и настапува многу побрзо - околу 20 мин води до: забрзан пулс, гадење, губење на апетитот, зголемена активност на нервниот систем; зголемен крвен притисок и температура, губење на чувството за замор.

Последици : брзо се навикнува, срцеви и мозочни пречки, слабеење, обилно потење и дехидратација на организмот.

Долготрајната употреба доведува до психички проблеми - конфузија, депресија, несоница, понекогаш параноидни доживувања, тензии во мускулите, гадење, треска, потење, грчеви.

Наводи

уреди