Штипско-кочански дијалект
(Пренасочено од Штипско-Кочански дијалект)
Штипско-кочански дијалект — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во источната група на македонски дијалекти. Овој дијалект се зборува во централниот дел на Источна Македонија, односно во Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Радовиш и околните населени места. Главна одлика на дијалектот е продолжувањето на самогласките.
Извадок од говор на жена од с. Бучиште, Пробиштипско | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Особености
уреди- продолжување на самогласките (каде ќе одиш > дека ќе одеш)
- испуштање или измена на самогласките (полна > пуна-п'на)
- употреба на предлог (во град > у градо)
- употреба на архаичната х наместо в (видов > видох)
- испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато)
- употребата на зборот говори
Во Кочанската котлина значително се употребува зборот дума, додека во останатите градови, Штип, Радовиш и Пробиштип се користи зборот збори.
- употребата на зборот бев
Во Штипската околија значително се употребува зборот беше (Јас бев > Јас беше)
штипско-кочански дијалект | стандарден македонски |
---|---|
дума | говори |
- употреба на зборот домат
штипско-кочански дијалект | стандарден македонски |
---|---|
патлиџан | домат |
- употреба на зборот степеници
штипско-кочански дијалект | стандарден македонски |
---|---|
мердевени | степеници |
- употреба на зборот Гума за џвакање - мастика
штипско-кочански дијалект | стандарден македонски |
---|---|
сак'з | мастика |
Лични заменки
уредиЕднина
уреди- Ја
- Ти
- Он
- Она
- Оноа
Множина
уреди- Ниа
- Виа
- Тиа, Они
Надворешни врски
уреди- Аудио материјал од говорот од Штип од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 10 март 2016 г.
- Аудио материјал од говорот од Кочанско од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 10 март 2016 г.