Печат (направа)

(Пренасочено од Штембил)

Печат[1], жиг[2], штембил[3], муур[4] или мур[5] - направа со врежан натпис или знак којашто служи за ставање отпечаток врз некого или врз нешто заради обележување, распознавање, заверка и сл. Печатот во современа смисла на зборот е направа каде што мастило или определен пигмент е ставен врз одредена текстура или слика, која е вдлабната, извајана или ласерски врежана на гума. Гумата е е поставена на постабилна површина, со што се добива стабилен инструмент. Кога ќе се притисне печатот врз друга површина, сликата која е врежана на гумата се пренесува на другата површина.

Гумен печат со променлив датум

Комерцијалната употреба на печатот е широка и варира од официјална употреба до користење при формирање на некој дизајн.

Историјат

уреди

Печатите се користени дури и од најстарите цивилизации. Во Месопотамија, печатите биле врежани на цилиндри кои потоа со вртење оставале трага врз површината која требала да биде обележана со печат. Во Египет печати кои биле втиснати врз прстењата на кралот го обележувале неговиот знак. Во Азија, печатот бил користен како надополнување на потписот, со цел да се даде целосна автентичност на некоја преписка или документ.

Официјална употреба

уреди

Во Европа секој официјален документ мора да биде заверен со печат за да биде веродостоен. Правните субјекти имаа обврска да имаат свој печат со кој ги заверуваат официјалните преписки со останатите правни и физички лица.

Корпоративни печати

уреди

Многу често компаниите користат печати во својата комуникација. Нивниот печат може да го содржи логото, адресата или некој друг тип на информација. Во зависност од легислативата во определена земја, и дизајнот и содржината на печатот се уредува со закон, па оттука и дизајнот варира од земја во земја, во неговата форма како и информациите кои ги содржи.

Наводи

уреди