Шпански скали

(Пренасочено од Шпански Скали)

Шпанските скали се скали во Рим, поставени на стрмниот нагиб меѓу Шпанскиот плоштад на почетокот од скалите и плоштадот Тринита деи Монти со црквата Тринита деи Монти во горниот дел, по завршувањето на скалите.

Шпанските Скали во Рим.
Поглед на фонтаната Баркача од северната страна на Пјаца ди Спања
Плоштадот во 18. век, скициран од Џузепе Васи, со поглед од исток.

Монументалните скали (точно 138 на број) биле изградени со парите од тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие (20.000 скуди) во периодот од 1723 до 1725 година. Скалите се најдолги во Европа.[1]

Историја

уреди

Шпанските скали биле дизајнирани од страна на малку познатиот Френческо де Санктис[а] во 1717 година, иако долго се сметало дека дизајнот е на Алесандро Спеки. Одлуката била донесена по генерации на дискусии околу начинот како да се урбанизира на стрмниот нагиб во Пинчио. Решението било изградба на големи скали, користејќи некои од конвенции на терасните градински скали. Архивираните цртежи од 1580-тите покажуваат дека папата Григориј XIII бил заинтересиран за изградба на скали до штотуку завршената фасада на француската црква. Изгледот на дрвениот нагиб, кој го изрбаботил холандскиот сликар Гаспар ван Вител во 1683 година, уште пред изградбата на скалите, денес се чува во Националната галерија во Рим.[2] Кардиналот Мацарин се заинтересирал за реализацијата на проектот, кој бил наведен и во тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие, а бил доверен на негов пратеник во Рим. Планот на проектот вклучувал коњички споменик на францускиот крал Луј XIV, што предизвикало возбуда кај папата. Но, Мацарин починал во 1667 година, папата во 1671, а Гуфеовиот тестамент бил распределен, па проектот останал незапочнат, сè додека папата Климент XI не пројавил повторно интерес.

Конечно, проектот за изградба на скалите започнал во 1723 година, со пари од тестаментот на Стефано Гуфие (20.000 скуди), а истиот бил завршен во 1725 година.

Уште во 18. век, Жозеф де Лалан[3] и Шарл де Брос посочиле дека скалите се во лоша состојба, па оттогаш истите биле обновени неколкупати, а за последен пат во 1995 година.

Традиција

уреди

За време на Божиќ, препис од 19 век се составува на првото спуштање на скалите. За време на мај, половина од скалите се покриваат со саксии со азалеи. Во поново време Шпанските Скали содржат и мал цветен пазар, омилено место за ручање (сега официјално забрането и парично казниво) или за наоѓање на жиголо. Апартманот прикажан во Римска пролет на Г-ѓа Стоун (1961) се наоѓа десно од средишниот дел. Бернардо Бертолучиевиот филм Опсада (1998) исто така е сниман во куќа до скалите.

Шпански плоштад

уреди

Во основата на плоштадот се наоѓа ранобарокна фонтана наречена „Баркачиа“ („Грдиот Брод“), често припишана на Пјетро Бернини, татко на познатиот, Џан Лоренцо Бернини, за кого се смета дека соработувал на декорацијата. Според една легенда, Папата Урбан VIII ја изградил фонтаната откако бил импресиониран од еден брод донесен од при една поплава на Тибар.

Исто така на плоштадот, во ќошот десно на почетокот на скалите, се наоѓа и куќата каде живеел и умрел (во 1821) англискиот поет Џон Китс; сега тоа е нему посветен музеј, полн со спомени од Англиската романтичарска генерација. На истата десна страна стои и поранешната палата на кардиналот Цибо, сега Ферари ди Валбона, градба променета во 1936 според дизајните на Марчело Пјацентини, главниот градски архитект за време на фашизмот, со современи тераси во совршена хармонија со околната барокна содржина.

На врвот на Вијале се наоѓа ридот Пинчи, пропуштен, како Јаникул, од класичните Седум рида на Рим. Од врвот на скалите лесно може да се стигне и до Вилата Медичи.

Белешки

уреди
  • а Многу малку е познато за овој архитект, кој бил поддржуван од страна на францускиот двор во извршување на проектот. Планот на де Санктис бил изгравиран од страна на Џироламо Роси во 1726 годинаи бил посветен на Луј XV.[4]

Наводи

уреди
  1. Boyer Gillies, Linda (February 1972). „An Eighteenth-Century Roman View Panini's Scalinata della Trinità dei Monti“. The Metropolitan Museum of Art Bulletin. 30 (4): 176–184.
  2. Gillies, 1972, 181, van Wittel's tempera, fig 3.
  3. Lalande, Voyage d'un français en Italie, 1769
  4. Gillies, 1972,181f

Наводи

уреди
  • Claudio Rendina, Enciclopedia di Roma. Newton Compton, Roma (2000).
  • Carlo Alberto Ferrari di Valbona I viventi diritti dell’Italia a palazzo Farnese alla scalinata ed alla Trinità dei Monti in Roma. Edizioni d’Arte in Roma, Italy (1965).
  • Pio Pecchiai, Regesti dei documenti patrimoniali del Convento Romano della Trinità dei Monti. Archivi anno XXV pagg. 406-423 (1958).

Надворешни врски

уреди