Шницла или Виенска шницла (на германски: Schnitzel или Wiener Schnitzel) е традиционално австриско јадење кое се состои од котлет од телешко месо измешан во брашно и трошки од леб и пржен во путер. Јадењето е популарен дел од виенската и австриската кујна. Во Австрија, јадењето традиционално се служи со парче лимон, џем од боровинка или пак сос од брусница и во зависност од желбата на личноста се додава салата од компири (пире) или пак пржени компири. Иако традиционално виенската шницла се правела само од телешко месо, денес таа се прави и од свинско месо. Во Австрија, изразот Wiener Schnitzel (Виенер Шницел) е заштитен со закон и шницлата со тоа име мора да биде направена од телешко месо.[1] Исто така, постојат и регионални верзии на шницлата, како Салцбургшката шницла која се служи со печурки, сланина, кромид и други зачини и состојки.

Виенска шницла.

Постои дебата за тоа од каде потекнува шницлата. Некои тврдат дека таа за првпат била направена во Милано, северна Италија како cotoletta alla milanese, додека други велат дека се појавила во Виена, во 15 или 16 век. Исто така, постои и теза дека таа можеби била донесена во Австрија за време на Битката за Виена од 1683 година од полската или германската војска. Според друга хипотеза, таа за првпат била јавно претставена во 1857 година од фелдмаршалот Радецки, кој поголем дел од животот го поминал во Милано.

Различни варијанти на шницлата постојат денеска во светот. Во Македонија таа претставува тенко парче бифтек, посолено со сол и бибер, испржена во лебни коцки. Традиционално се служи со гарнир од пржен или варен компир и зелена салата.

Шницлата во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. „Wiener Schnitzel“. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на 2010-09-14.
  2. Descendents – Somery (пристапено на 3.7.2022)

Надворешни врски

уреди