Шишевска Клисура
Шишевска Клисура или Голема Клисура[1] — клисура во Република Македонија, која се протега од с. Девич до с. Шишево во долината на реката Треска во должина од 66,2 км. По должина е втора клисура во Република Македонија.
Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и Водно од десната долинска страна. На потегот помеѓу Лукоечко Речиште и манастирот Св. Богородица во должина од 15 м е вистински кањон, а неговите страни се стрмни и високи преку 1.100 м.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 13.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |