Шефит Џафери (албански: Shefit Xhaferi; Чајле, Гостиварско, 1960) е поранешен член на ОНА. Тој е емигрант во Швајцарија.

Шефит Џафери
Shefit Xhaferi
ПрекариМаџуп
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Во редовите на ОНА бил главен логистичар од реонот на Косово спрема Македонија. Тој бил инволвиран во случајот паравојска, директно задолжен за набавка на оружје, воена опрема и експлозив. Подоцна емигрирал во Западна Европа, каде се поврзил со раководството на НДК, а особено со Фазли Велиу.[1]

Наводи уреди

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 90