Шепнувачот
„Шепнувачот“ (италијански: Il suggeritore) е првиот роман од италијанскиот писател Донато Каризи. Книгата е издадена во 2009 година од Лонганези (италијански: Longanesi) co ISBN 8-830-42644-X. Македонскиот превод е од Горица Попова во издание на Матица Македонска од 2011 година.
Корица на оригиналното издание, 2009. | |
Автор | Донато Каризи |
---|---|
Изворен наслов | Il suggeritore |
Преведувач | Горица Попова од англиски јазик |
Земја | Италија |
Јазик | италијански |
Жанр | Роман |
Издавач | Longanesi за оригиналот, Матица Македонска во Македонија |
Издадена | 2009 (Италија), 2011 (Македонија) |
Страници | 597 страни (македонското издание) |
Фабула
уредиВо непозната земја се пронајдени гробишта на детски леви раце. Во претходните денови има серија на киднапирања на мали девојчиња на возраст од 9 до 13 години. За решавање на случајот на помош на специјалната единица е додаден киминологот Д-р Горан Гавила. Но, со понатамошните анализи на теренот се открива уште една детска рака, ампутирана на начин поинаков на од другите, така што последното дете останува живо. На тимот му се приклучува и експертот за детски грабнувања, агентот Мила Васкес. Приказната ги открива грозните злосторства на повеќе криминалци од минатото на градот, полека приближувајќи му се на серискиот убиец, одговорен за смртта на петте девојчиња. Роман кој ќе ве натера да го читате без здив до псоледната страница.[1]
Библиографија
уреди- ↑ „Шепнувачот“; КАРИЗИ, Донато; Матица Македонска; 2011