Земја на Кралицата Марија
(Пренасочено од Брег на Кралицата Марија)
Земјата на Кралицата Марија или Брегот на Кралицата Марија (66°45′S 96°0′E / 66.750° ЈГШ; 96.000° ИГД) — дел од брегот на Антарктикот што лежи помеѓу Филхнеровиот ’Рт, на 91° 54' источно, и Хордерновиот ’Рт, на 100° 30' источно.
Откриен е во февруари 1912 година од страна на Австралиската антарктичка експедиција (1911–14) под водство на Даглас Мосон, кој го именувал по Марија, кралицата на Џорџ V.