Пајажината на Шарлота (цртан филм)

(Пренасочено од Шарлот Веб (филм од 1973))


Пајажината на Шарлота (англиски: Charlotte's Web) е американски анимиран филм од 1973 година, дело на продуцентските куќи Хана-Барбера и Sagittarius, заснован на истоимената книга за деца од 1952 година, напишана од Е. Б. Вајт. Филмот, како и книгата, е за едно прасе, по име Вилбур кое ќе се спријатели со еден интелигентен пајак по име Шарлота, која ќе го спаси од кланица. Својата премиера во САД ја имал на 22 февруари 1973 година, со умерен успех кај критиката и публиката, додека во кино салите почнал со проекции на 1 март 1973 година. Тоа е првиот од само три анимирани филмови на Хана-Барбера кои не биле засновани на нивните познати телевизиски ликови, Песната на Хајди (1982) Си била еднаш една шума (1993). Подоцна, после големиот успех на видео касетата, која ја повратила популарноста на овој анимиран филм, филмското студио Парамаунт одлучило да направи продолжение, под наслов Пајажината на Шарлота 2: Големата авантура на Вилбур по кое следел и игран филм заснован на оригиналната приказна.

Дејствие

уреди

Кога фармерот Џон Еребл одлучил да се ослободи од најмалото прасенце, неговата ќерка, Ферн, се вмешала, велејќи му дека е апсурдно да се убие прасе само затоа што е помало од останатите. Џон одлучил да го поштеди прасето и ѝ дозволил на Ферн да го одгледува како милениче. Таа го негувала со љубов,нарекувајќи го Вилбур. Шест седмици подоцна, Вилбур пораснал, па Џон ѝ предложил на Ферн да го продадат (како што сториле со неговите браќа и сестри претходно). Ферн тагувајќи се разделила од Вилбур, којшто бил продаден на нејзиниот чичко, Хомер Цукерман. Таму, Вилбур имал потешкотии да се спријатели со останатите животни, како гуската, стаорецот и јагнето. Разочаран од неуспехот, тој се расплакал сè додека еден мистериозен глас не му рекол да ја исправи главата и да почека до утрото кога ќе му се открие кој е.Тоа бил пајакот Шарлота A. Каватика, која живеела на мрежа исплетена над неговото легло. Таа му ветила дека ќе изнајде план со кој ќе го поштеди од кланица.

На крај, Шарлота го открила нејзиниот план "да го измами Цукерман". Следнот утро, помошникот на Хомер, ги забележал зборовите НЕКОЕ ПРАСЕ, исплетени на пајажината на Шарлота. Тоа предизвикало публицитет кај соседите кои ова го прогласиле за чудо. Откако возбудата се смирила, и луѓето подзаборавиле на ова, Шарлота посакала да испише друг збор. После неколку предлози,бил прифатен оној на гуската - НЕВЕРОЈАТЕН. Тоа станува уште една медиска сензација. Потоа следуваат уште неколку зборови, за да заврши со ПОНИЗЕН. Ова предизвикало Вилбур да биде поштеден, со ветување дека Цукерман нема да го одведе во кланица и ќе дочека старост на фармата. После ова, Вилбур забележал дека Шарлота извела јајца. Уморна од положување јајца и пишување зборови на пајажината, Шарлота му рекла на Вилбур дека веќе не може да издржи и дека не се чувствува добро. Не сакајќи да ги остави сами, Вилбур ја презел грижата за јајцата,непосредно по смртта на нивната мајка. Грижливо ги чувал преку зимата. Следната пролет, се излегле 514 мали пајачиња, кои ја напуштиле фармата, што многу го растажило Вилбур. Сепак, се испоставило дека три од нив останале на фармата. И покрај тоа што ги сакал и се грижел за нив, тие никогаш не можеле да го заменат споменот за Шарлота.