Шарена џамија

џамија во Тетово, Македонија
(Пренасочено од Шарена џамија - Тетово)

Шарената џамија — позната живописна џамија во градот Тетово, Македонија[1].

Шарена џамија
Шарената џамија во Тетово
Основни податоци
МестоТетово, Македонија
Координати42°00′20.52″N 20°58′00.33″E / 42.0057000° СГШ; 20.9667583° ИГД / 42.0057000; 20.9667583
Припадностислам
Архитектонски типџамија
Завршен1438
Особености
Должина10 м
Ширина10 м
Минариња1

Историја

уреди

На десниот брег на реката Пена во градот Тетово во XV век е подигната џамија. Крај неа е Турбето на анамата Хуршиде. Џамијата е значајна по своите внатрешни и надворешни сликарски декорации[2]. Особено е живописана јужната страна која се гледа од главниот пат што води кон Гостивар. Во составот на овој амбиент, се наоѓа и зачуваниот Чифте амам, во кој денес е Уметничката галерија, како и конаците претставуваат интересна урбанистичка целина. Со конзерваторско-реставраторските работи на сликарите во џамијата и надвор од нејзината фасада, повратен е некогашниот изглед и убавина.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Никос Чаусидис и др., Македонија: културно наследство, Скопје, 1995
  2. Ayverdi Ekrem Hakki, Avru’pada OsmanliMirnan Eserlerli.Yugoslavya, III cikld, 3 kitab, Istanbul, 1981

Надворешни врски

уреди