Турбе на анамата Хуршиде

турбе во Тетово

Турбе на анамата Хуршиде (турски: Hurşide Hanum Türbe) — османлиска гробница (турбе) во градот Тетово, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Сместено е во дворот на Шарената џамија, северозападно од храмот.[2] Во него се погребани Хуршиде и Менсуре, кои на натпис се споменуваат како ктиторки на џамијата.[3]

Турбе на анамата Хуршиде
Поглед на турбето
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видтурбе
Стилосманлиски
ГрадТетово
Земја Македонија
ЗавршенаXVI век

Архитектура

уреди

Нема писмени податоци за датумот на изградба, но според неговите особености се смета дека датира од XVI век.[4] Изградено е од камен и му припаѓа на типот на отворени турбиња, а основата му е неправилен осумаголник.[2] Според архитектурата се забележува дека некогаш било засводено со купола. Турбето има складни пропорции и придонесува кон убавината на џамијата.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 112. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
  3. „Шарена џамија“ (PDF). Шар Планина.
  4. 4,0 4,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 113. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.

Надворешни врски

уреди