Шаргија
Шаргија е жичeн инструмент со долг врат , долг најчесто 95-100 см. Се користи во народната музика на балканските земји, вклучувајуќи ја Србија, Босна, Хрватска и Албанија.
Шаргијата води потекло од Босна, од времето на владеењето на Османлиското Царство. Ја свират Срби, Бошњаци, Албанци и Хрвати.
Шаргијата е слична на двожичената ќифтелија, но има повеќе жици и изгледа како примитивен саз. Корпусот на шаргија е крушковиден, а вратот и е долг (околу 50 см). Корпусот има неколку помали и еден поголем отвор. Чивите се наоѓаат на главата и од наред и од страна. Шаргија има 4, 5, 6, 7 и (поретко) повеќе жици и околу 12 пречника. Телото може да биде направено од одвоена бочва или исклесано од едно парче дрво.
На највисоката жица се свири мелодијата, додека останатите жици служат како бордунска придружба. Има ѕвекотен звук, како турскиот саз. Шаргија обично ја прати виолина. Со звук на шаргија воглавно се игра, но се пејат и песни.
Со неа се придружуваат и српски јуначки песни и свирачи во Краина, а народната песна ја споменува како седефли шаргија.
Шаркијата во Македонија
уредиКако тригласна тамбура се јавува шаркијата (çarki). Бројот на жиците се движи од 3 до 12, но во практиката најчесто се користат петструните шаркии. Струните се распоредини во три групи:
- мелодиска
- прва бордунска
- втора бордунска
За петструната шаркија распоредот на групите е следниов:
- пар мелодиски струни
- прва бордунска струна (1 октава пониска од мелодиските струни)
- пар бордунски струни (1 кварта повисоки од првата борд. струна)
Чивиите на главата се распоредени вертикално и сагитално, така што бројот на вертикалните за единица е поголем од бројот на сагиталните.
Вкупната должина на шаркијата варира меѓу 80см до 120см (1.2 метри). На вратот на шаркијата се всадени 12 стапала „пердиња“ од челична жица, од кои се реализира 13 тонови со 12 интервали.
- Опсегот на тоновите за секоја група струни е ундецима. Тонската низа на шаркијата има посебни карактеристики, кои се:
- Тонската низа почнува со интервал од степен и половина (d – f)
- Се надоврзуваат наизменично дијатонски и хорматски полустепени
- Тонот пред горната октава е цел степен
- Октавата е поделена на десет тонови со девет интервали
- Првите два интервала над горната октава изнесуваат 150 и 148 центи
Мелодијата се изведува на мелодиската група, додека останатите струни играат бордунска улога. Тембарот, како и техничките можности на шаркијата се исти како и кај другите видови тамбури. Присуството на тризвучјата е перманентно. Имајки го во предвид фактот дека корпусот на шаркијата е поголем од корпусите на другите видови тамбури, звучноста на шаркијата е поголема, особено на тие со повеќе струни. [1]
Наводи
уреди- ↑ Линин, Александар (1986). Народните музички инструменти во Македонија. Скопје: Македонска Книга. стр. 42 и стр. 43.