Шабан Иљаз
македонски поет и преведувач
Шабан Иљаз (р. 1955 во Скопје) ― поет и преведувач од ромска националност во Македонија.[1]
Животопис
уредиИљаз е роден во Скопје во 1955 година. Завршил средно стручно образование. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1996 година. Преведувал од ромски на македонски јазик и обратно.
Дела
уредиАвтор е на стихозбирките:
- Корењата на мојот прадедо (1985),
- Споменикот на бесмртните (1990), и
- Светлината на цветот (1998).
Неговите стихови, како впрочем и севкупната литература на Ромите, провоцираат низа прашања и дилеми за битието, љубовта, смртта, за животот со своето секојдневие и за животот со една космополитска свртеност. Тоа се и стихови што ја промовираат мислата на Ромите во Македонија, но и нивната мисла за Македонија и пошироко.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илковски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 604. Text "series " ignored (help)