Чудесниот свет на Гамбол

Чудесниот свет на Гамбол (англиски: The Amazing World of Gumball) — анимирана серија создадена од Бен Бокле. Серијата започнала во Обединетото Кралство на 2 мај 2011 г. и една недела подоцна на 9 мај 2011 г. во САД на Cartoon Network. Прегледот бил прикажан на 3 мај 2011 г. во САД. Пилотската епизода е на 8 мај 2008 г. Чудесниот свет на Гамбол се прикажува и на македонскиот Cartoon Network.

Чудесниот свет на Гамбол
Жанр
Создадена одБен Бокле
Земја на потекло
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди240 (список на епизоди)
Производство
Времетраење11 минути[1]
Продукциска куќа
Прикажување
Првична мрежаCartoon Network
Првично прикажување3 мај 2011 – уште

Серијата се врти околу животите на дванаесетгодишниот Гамбол Вотерсон, сина мачка, и неговиот најдобар пријател и посвоен брат што е златна рипка, 10-годишниот Дарвин, кој посетува средно училиште во измислениот град Елмор. Тие често се вмешани во разни лудории низ градот, за време на кои општат со членовите на семејството — помладата сестра Анаис, мајката Никол и таткото Ричард — и со широка екипа споредни ликови. Единствена одлика на серијата е недостатокот на стилско единство. Ликовите се дизајнирани, снимени и анимирани со користење повеќе стилови и техники (стилизирана традиционална анимација, кукларство, CGI, кадар по кадар, флеш-анимација, игран филм итн.).[2]

Наводи уреди

  1. „The Amazing World of Gumball“. Turner Broadcasting. September 9, 2011. Архивирано од изворникот на December 2, 2013. Посетено на July 4, 2013.
  2. Interview with Ben Bocquelet Архивирано на 7 октомври 2015 г. in Toonzone

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: