Човеков развој

(Пренасочено од Човечки развој)

Во човештвото, човеков развој е меѓународна и економска парадигма на развој.

Опфат

уреди

Човековиот развој се занимава со многу повеќе од растот и падот на националните доходи. Тој се занимава со создавање на средина во која луѓето можат наполно да ги развиваат своите потенцијали и да водат продуктивен и креативен живот во согласност со нивните потреби и интереси. Луѓето се вистинското богатство на народите. Така, човековиот развој овозможува проширување на човековиот избор на нештата кои би му овозможиле да живее живот кој тој го цени. Затоа тука се работи за многу повеќе од само економски развој, кој е само средство (иако многу важно) за зголемување човековиот избор.

Индекс на човеков развој

уреди
 
Трендови на ИЧР

Индексот на човековиот развој или ИЧР, (англ. Human Development Index или HDI) е нормализирана мерка за животен век, писменост, образование, животен стандард и БДП која важи за сите земји ширум светот. Ова е стандардна мера за благосостојба, особено за детската благосостојба.

Извештајот од 2007 г. прикажува мал пораст на ИЧР во споредба со минатата година. Ова се должи на општиот напредок во земјите во развој, особено во групата на најмалку развиени земји. Од друга страна, за сметка на овој забележителен развој таа година бележи пад на ИЧР кај високоприходните земји.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди