Човекот со златен пиштол (филм)
„Човекот со златен пиштол“ (англиски: The Man with the Golden Gun) — британски филм за тајниот агент Џејмс Бонд од 1974 година, во режија на Гај Хамилтон.
Факти за филмот
уредиФилмот „Човекот со златен пиштол“ е дело на режисерот Гај Хамилтон, кој претходно режирал три филмови од серијалот за Џејмс Бонд, и тоа: „Голдфингер“, „Дијамантите се засекогаш“ и „Живеј и остави ги другите да умрат“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Роџер Мур, Кристофер Ли, Брит Екланд, Мод Адамс, Ерве Вилшез, Клифтон Џејмс и Бернард Ли. Овој филм, е деветтото продолжение на циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Делумно, филмот е снимен според истоимениот роман на Јан Флеминг.[1] [2]
Содржина
уредиФранциско Скараманга е платен убиец, познат како "Човекот со златен пиштол", кој своите жртви ги усмртува со златни куршуми. Но, тој е познат и по тоа што никогаш не ја промашува својата цел и без грешка ги завршува сите поставени задачи. Франциско добива задача да го ликвидира Џејмс Бонд.[3] [4] [5]