Човекот со железната маска (филм од 1998 година)
Филмот „Човекот со железната маска“ е историски, епски филм, од 1998 година, во режија, продукција и сценарио на Рендал Валас. Улогите во филмот се земени од серијата на романи од Александар Дима наречени „Авантурите на Дартањан“ (од анг. „D’Artagnan Romances“) и се заснова врз некои содржински елементи од книгата „Виконт де Бражелон“ (од анг. „The Vicomte de Bragelonne). Во оваа верзија на филмот се забележуваат и неколку сличности со верзијата од 1939 година. Филмот се фокусира на старите мускетари Атос, Портос, Арамис и Дартањан, а воедно и на владеењето на францускиот крал Луј XIV. Всушност, овој филм е обид за да се разјасни мистеријата за човекот со железната маска, чијашто содржина е многу слична со онаа на филмот од 1939 година.
И покрај тоа што поголемиот дел од критиките за овој филм се негативни и бил оценет со 33% на „Rotten Tomatoes“, филмот постигнал голем финансиски успех поради зголемената популарност на Леонардо Ди Каприо непосредно по филмот „Титаник“.[1]
„Човекот со железната маска“ | |
---|---|
Податотека:The Man in the Iron Mask.jpg Филмски постер | |
Режисер | Рендал Валас |
Продуцент | Рендал Валас Расел Смит |
Главни улоги | Леонардо Ди Каприо Џереми Ајронс Џон Малкович Жерар Депардје Габриел Бирн |
Музика | Ник Глени-Смит |
Кинематографија | Питер Сушицки |
Монтажа | Вилијам Хој |
Студио | United Artists |
Дистрибутер | United Artists Metro-Goldwyn-Mayer |
Премиера | март 13 1998(Соединетите Американски Држави) март 20 1998 (Обединетото Кралство) |
Времетраење | 132 минути |
Земја | Соединетите Американски Држави |
Јазик | англиски |
Буџет | 35 милиони долари |
Бруто заработка | 182 968 902 долари |
Содржина
уредиФранција е под власта на милитаристичкиот крал Луј XIV, којшто ја банкротира државата со неговите непопуларни војни. Кога прегладнетите селани ќе почнат да бунтуваат за храна, тој ќе му нареди на својот главен советник Пјер да им даде расипана храна – а подоцна ќе нареди да го погубат поради ова и сите оние коишто предизвикувале немири, починале. Во меѓувреме, кралот ужива во хедонистички луксуз и заведува многу жени. Легендарните тројца мускетари се повлекле од своите позиции: Арамис е сега свештеник на Језуитите, Портос е чест посетител во париските јавни куќи, а пак Атос има син по име Раул, којшто веднаш по своето враќање од војната го потпишал барањето да им се придружи на мускетарите, исто како неговиот татко којшто некогаш служел со гордост и чест. Во меѓувреме, Атос му го дава прстенот којшто припаѓал на неговата жена и му вели дека единствена жена којашто ќе биде заслужна да го носи е онаа којашто ќе ја сака Раул. Среќничката е Кристина Белфор, на којшто планира да ѝ предложи брак. За време на еден фестивал, двајцата заљубени биле благословени од стариот Дартањан, којшто сè уште му служел на кралот како Капетан на мускетарите и којшто вложува големи напори да си го одржи телото во иста форма. Дартањан им посакува среќа на Раул и Кристин и во моментот кога Раул сака да ѝ предложи брак, кралот ја здогледува Кристин. Тој наредува Раул да се врати во војната, каде што ќе биде убиен од германските топови додека ги предводи големите војски во еден заеднички напад . Веста за смртта на неговиот син стига до Атос, којшто гневен оди во палатата на кралот за да се одмазди. Тој ги повредува двајцата мускетари, пред Дартањан да го победи во палатата. Ова го изложи пријателството помеѓу Атос и Дартањан на голем притисок и сега Атос го гледа Дартањан како предавник којшто застанал на страната на убиецот на неговиот син.
Веднаш по смртта на Раул, Луј ја повикува Кристин во палатата каде што спие со неа, за таа да му се заблагодари за медицинската помош којашто докторите им ја дале на нејзините мајка и сестра. Кога Луј наредил да се убие тајниот предводник на Језуитите, Арамис прави заговор за уривање на кралот со помош на неговите стари пријатели бидејќи тајниот предводник не е никој друг туку тој. Само Атос и Портос се сложуваат за овој план, а Дартањан одбива да ја предаде својата заклетва на чест и верност. Тројцата поранешни мускетари скришум влегуваат во еден затвор на остров и го договараат бегството на мистериозниот затвореник, човекот со железната маска. Тие го заменуваат со мртовец со иста железна маска, го преправаат како да е измачен од чумата и го горат, па така чуварите нема да знаат кој е под железната маска. Тие го носат младиот човек во една безбедна куќа во периферијата и му ја тргаат маската. Под неа се наоѓа Филип, идентичниот близнак на кралот Луј. Но Филип е идентичен со Луј само на физички изглед, бидејќи за разлика од него, тој е чувствителен и љубезен. Арамис дознава дека Филип бил испратен од неговиот татко Луј XIII за да ја спаси Франција од династичкото војување. Подоцна, кога Луј го открил постоењето на Филип, бил многу суеверeн за да го убие својот сопствен брат, па затоа тој нашол начин за да го скрие неговото постоење, а тоа е железната маска. Во времето кога Арамис служел како мускетар и ја носел црната униформа, тој бил оној којшто го однел Филип во затвор. Тоа е еднинственото нешто на коешто Филип се сеќава и постапка којашто оттогаш го прогонува Арамис.
Во меѓувреме, кралот Луј успева целосно да ја убеди Кристин дека тој наредил да го стават Раул далеку од бојното поле. Кристин добива писмо од Раул во коешто тој вели дека си ја предвидува смртта и дека ѝ простува за тоа што му станала љубовница на кралот. Додека била во кревет со Луј, Кристин му признала дека таа сè уште го сака Раул, а не го сака него. Збеснат од ова, Луј ја остава Кристин. Атос, Портос и Арамис го учат Филип како да се однесува како крал, за да може да го замени Луј. Заедно тие го киднапираат Луј за време на еден луксузен бал. Филип ја зазема неговата улога, пред некој да открие дека го нема. Меѓутоа, доброто однесување на Филип го издава, кога тој ѝ помага на една од дамите што играат да стане од подот откако паднала и го поштедува животот на Кристин кога таа втрчува и јавно го обвинува за убиството на Раул (ова го дознала од едно писмо коешто било испратено од Генералот на Луј), ветувајќи ѝ дека ќе ѝ се оддолжи за тоа што ѝ згрешил. Дартањан сфаќа дека нешто не е во ред, наредува сите мускетари од палатата да бидат подготвени и лично го придружува Филип надвор. Тие пристигаат на пристаништето токму кога Атос, Портос и Арамис се подготвувале да отпловат за Бастиља со Луј. Луѓето заедно решаваат да ги заменат местата на браќата, меѓутоа Филип повторно е фатен во хаосот додека бегале.
Потоа, Дартањан се стаписува кога дознава дека Филип му е брат на Луј и го моли да му го поштеди животот. Луј веднаш одбива, а Филип лаже дека повеќе се плаши од железната маска отколку од самата смрт и моли да го погубат но да не го враќаат во затвор. Луј наредува да го однесат во Бастиља и уште еднаш да му ја стават железната маска. Како последица на овие случувања, Кристин ја наоѓаат како се фрлила од прозорецот на нејзината соба.
Атос, Портос и Арамис ги чистат своите стари мускетарски униформи и со помош на Дартањан упаѓаат во затворот во Бастиља и бегаат со Филип.[2] Меѓутоа, Луј подготвил заседа. За среќа, тесниот ходник и почитта на чуварите за Дартањан, којшто е нивен капетан, ги спречуваат да ги поразат четворицата мускетари и да забележат дека сè повеќе, иако петтемина на крајот завршиле пред врата со решетки на крајот од ходникот, без излез. Филип е решен да ги спаси своите пријатели и затоа предлага да се предаде за нивните животи. На големо изненадување, Дартањан открива, дека тој бил татко на близнаците, бидејќи имал афера со кралицата Ана и дека тоа што му служел на Луј било од татковска љубов, а не од верност. Дартањан додава дека ја почувствувал гордоста како татко кога за првпат дознал дека Филип е негов син.
Четворицата мускетари и Филип за последен пат ги напаѓаат првите борбени редови на Луј. Нивната „извонредна смелост“ ги вкочанува војниците. Ова го разлутило Луј и го приморало постојано да дава наредби за пукање. Тој успева да земе една од мускетите на војниците, пука и ги напаѓа и останатите, а повеќето од луѓето ги затвориле очите или го тргнале погледот настрана. Кога чадот се расчистил, се видело дека петтемина се сè уште живи, а сите истрели освен оние коишто нанеле плитки рани, се промашок. Разбеснетиот Луј го напаѓа Филип и се обидува да го удри. Дартањан се испречува помеѓу нив и останува смртоносно ранет. Филип го соборува Луј и почнува да се бори со него, но Дартањан со својот последен здив го потсеќа Филип дека Луј е негов брат. Филип го прегрнува својот татко за прв и последен пат бидејќи умира и кажува дека Дартањан бил оној кој цело време ја носел маската. Десната рака на Дартањан, поручникот Андре е бесен од Луј за тоа што го убил Дартањан и откако дознал дека Филип му е брат и носи кралска крв им наредува на своите луѓе да ја затворат вратата и им се заколнува на тајност. Кога упаѓа другиот батаљон, тројцата мускетари и поручникот Андре им ја замениле облеката на Луј и Филип и му ја ставиле железната маска на Луј. Филип ги претставува Атос, Портос и Арамис како свој кралски совет и најверни пријатели. Заземајќи ја улогата на крал, Филип им наредил на чуварите да го однесат Луј и да го затворат. Мускетарите му оддаваат почит и се поклонуваат пред него,почестувајќи го како нивен вистински крал.[3]
Филип, Атос, Портос, Арамис и кралицата Ана присуствуваат на погребот на Дартањан каде што тројцата мускетари се конечно обединети. После погребот, Филип бара од Атос да го сака како син, тој прифаќа и му ја бакнува раката на Филип. Потоа, тројцата мускетари се повекуваат како горди, славни мускетари под шлемот на поручникот Андре како нов предводник, додека елитната група го пее нивниот воен повик „Сите за еден, еден за сите“. Луј (на којшто Филип му прости бидејќи му е брат) сега живее во селска куќа, каде често го посетува неговата мајка. Потоа, Филип ја реформира Франција (под името на Луј XIV), давајќи им на луѓето храна, благосостојба и мир. Тој се смета за најдобриот владетел на Франција.