Човеколики мајмуни
Човеколики мајмуни Период: Доцен олигоцен - денес | |
---|---|
Ларски гибон (Hylobates lar) | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Primates |
Подред: | Haplorrhini |
Парворед: | Catarrhini |
Натсемејство: | Hominoidea Gray, 1825 |
Семејства | |
Hylobatidae |
Човеколиките мајмуни, хоминоидите или антропоморфидите (латински: Hominoidea, Anthropomorphidae) се натсемејство на тесноносни мајмуни (Catarrhini) чија градба на телото е слична со онаа на човекот.
Според последните антрополошки податоци и општоприфатената теорија за потеклото на видовите, сите мајмуни од Стариот Свет (Catarrhini) се делат на две поголеми натсемејства: кучелики и човеколики мајмуни. Многу анатомски одлики ги одделуваат првите од вторите. За човеколиките мајмуни е најкарактеристично многу покрупното тело, отсуството на опашка, присуството на образните торбички и седалните перничиња (тие постојат и кај гибоните, но се помали). За човеколиките мајмуни е својствен принципиелно различен начин на движење по дрвја: наместо да трчаат по гранките со сите четири екстремитети, тие најчесто се движат на нив само со рацете, под гранките (се придржуваат за нив). Овој начин на движење е познат како брахијација. Приспособувањето на ваков начин на движење по гранки предизвикало низа анатомски промени: пофлексибилни и подолги раце, подвижен раменски зглоб, зарамнување на антериопостериорната оска на градната празнина.
Сите човеколики мајмуни имаат слична градба на забите и покрупен (во однос на кучеликите мајмуни) черепен мозок. Освен тоа, нивниот мозок е и посложен, со високоразвиени оддели одговорни за движењето на јазикот и очите.
Човеколиките мајмуни најпрво се појавиле во Стариот Свет при крајот на олигоцен (пред околу 30 милиони години). Меѓу нивните најпознати предци се проплиопитекусите — примитивни гибоновидни мајмуни од тропските шуми на Ел Фаијум (Египет), кои дале почеток на развитокот на плиопитекусите, гибоните и дриопитекусите. Во миоцен дошло до остро зголемување на бројот и разнообразието на видовите на човеколики мајмуни. Тоа била епохата на расцут на дриопитекусите и други хоминиди, кои пред околу 20-16 милиони години се раселиле од Африка во Европа и Азија. Среде азиските хоминоиди биле и сивапитекусите — предци на орангутаните, чија линија се одделила пред околу 16-13 милиони години. Според податоците на молекуларната биологија, одделувањето на шимпанзата и горилите од заедничкото стебло со човекот се случило пред околу 8-6 милиони години.
Систематика
уредиТрадиционално се разликуваат три семејства на човеколики мајмуни: гибони, понгиди (орангутани, горили и шимпанзи) и хоминиди (човекот и неговите предци). Меѓутоа, скорешните биохемиски истражувања укажуваат дека оваа поделба е необјаснива поради сродството меѓу човекот и понгидите е многу блиско. Поради тоа, семејството на понгидите денес е вклучена во семејството на хоминиди како потсемејство понгини, а некои автори во семејството на хоминиди ги вбројуваат уште и гибоните.
Современата систематика на човеколиките мајмуни е следна (зборот ,,род‘‘ не е укажан):
- Семејство на гибоните или мали човеколики мајмуни (Hylobatidae)
- Обични гибони, Hylobates: 6 вида
- Хулоки, Hoolock: 2 вида
- Номаскуси, Nomascus: 5 вида
- Сиаманги, Symphalangus: 1 вид
- Семејство на хоминидите или големи човеколики мајмуни (Hominidae)[1][2]
- Потсемејство Ponginae
- Орангутани, Pongo: 2 вида
- Потсемејство Homininae
- Потсемејство Ponginae
Фосилни човеколики мајмуни
уредиНајстарите познати претставници на хоминоиди се камојапитекус (од пред 25 милиони години) и моротопитекус (пред 20,6 милиони години).
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 178–184. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ M. Goodman, D. A. Tagle, D. H. Fitch, W. Bailey, J. Czelusniak, B. F. Koop, P. Benson, J. L. Slightom (1990). „Primate evolution at the DNA level and a classification of hominoids“. Journal of Molecular Evolution. 30 (3): 260–266. doi:10.1007/BF02099995. PMID 2109087.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)