Чинук (ветар)
Чинук ― претежно топол и најчесто западен ветар во западниот дел од Северна Америка. Има два типа на чинук ветар: крајбрежен и внатрешен. Крајбрежниот чинук е постојан, влажен и југозападен ветар кој дува од океанот кон континентот. Внатрешниот чинук е повремен, топол и сув фенски ветар кој дува долж источните страни од внатрешните планински масиви. Дува од североисток низ источните падини на Стеновитите планино. Во внатрешноста на Северна Америка, американското домородно насление овие ветрови ги викале „јадач на снег“;[1] а денешниот термин го добил по индијанското племе Чинук кое живеело во близина на океанот, покрај долното течение на реката Колумбија.[2]
Силниот фенски ветар за еден ден може да стопи снег од речиси 30 см.[3] Снегот делумно сублимира[4], а делумно се топи и испарува на сувиот ветар. Било забележано дека чинук ветровите за неколку часа или дена ја зголемуваат зимската температура, често од под −20°C до 10–20°C, а по престанувањето на ветрот температурите паѓаат до нивното основно ниво.
Неговата брзина обично се движи од 16 km/h до 60 km/h, но може да достигне и брзина до 100 km/h.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Snow Eater (The)“. Telefilm Canada. 2013-10-17. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2019-05-14.
- ↑ „Chinook – origin and meaning of the name "Chinook"“. Online Etymology Dictionary (etymonline.com) (англиски). Посетено на 2019-05-14.
- ↑ Ahrens, C. Donald; Henson, Robert (January 2015). Meteorology Today : An introduction to weather, climate, and the environment (11th, student. изд.). Boston, MA: Cengage Learning. стр. 246. ISBN 978-1-305-11358-9.
- ↑ „Sublimation – the Water Cycle, from USGS Water-Science School“. water.usgs.gov.
- ↑ L. C. Nkemdirim (2006). „Chinook | The Canadian Encyclopedia“ (англиски). Посетено на August 17, 2024.
Литература
уреди- Дуциќ, Владан и Анѓелковиќ, Горан (2007): Климатологија - практикум, Географски факултет, Белград
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |