Честотна модулација
Честотна модулација или фреквенциска модулација[1][2][3][4] — вид на аголна модулација при која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Замавот на носечката честота е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации.
Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.
Честотна или фазна модулација?
уредиЧестотната и фазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без промена на честотата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот директно се менува. Ако директно се менува честотата, а индиректно фазата, станува збор за честотна модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно честотата, станува збор за фазна модулација.
Примена
уредиКомерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат честотната модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во безжичниот телевизиски систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи.
Предност на честотната над амплитудната модулација во радиокомуникациите е поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е зафаќање на поголем честотен опсег.
Можни облици на модулација
уредиДа го разгледаме математичкиот израз за синусоиден бран:
v = Vp sin (2πft+θ) или
v = Vp sin (ωt+θ)
каде
- v = е моментална вредност на синусоидниот напон
- Vp = е врвна вредност на синусоидниот напон
- f = е честота (Hz)
- ω = 2πf = е аголна брзина
- t = е време (s)
- ωt = 2πft = е агол во радијани
- θ = е фазен агол
Од изразот може да се види дека постојат три начини на модулација во зависност од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудната, честотната и фазната модулација.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Принципи телекомуникација, Мирослав Л. Дукић, Академска мисао, Београд. Честотна модулација
- ↑ Основи телекомуникација: зборник решених проблема, Зорка Д. Стојановић, Мирослав Л. Дукић, Зоран Р. Петровић, Зоран С. Добросављевић, Наука, Београд.Честотна модулација
- ↑ Основи електронике, Радио-предајници и радио-пријемници, Државни секретаријат за народну одбрану, Београд, (1967). стр. 176.
- ↑ Војна енциклопедија, Седми том, 1974, Београд: Војноиздавачки завод. стр. 649.
Литература
уреди- Tomasi, Wayne (2001). Electronic Communication Systems, Fundamentals Through Advanced (4. изд.). Prentice Hall. ISBN 978-0-13-022125-4.
Надворешни врски
уреди- Честотна модулација на Ризницата ?