Дигитална честотна модулација
Frequency-shift keying (FSK) односно Дигитална честотна модулација е честотна модулациона шема во која дигиталните информации се пренесуваат низ дискретни честотни промени на превозникот бран. Наједноставна FSK е бинарната FSK (BFSK). BFSK пренусува бинарни (1 и 0) информации. Тие се претставени со аналоген бран. "1" се нарекува означена честота а "0" просторна честота.
Други форми на FSK
уредиMinimum-shift keying
уредиМинимална честотна модулација (MSK) e спектрална ефикасна форма на FSK. Во минималната честотна модулација разликата помеѓу високата и ниската честота е идентична на половина од брзината на протокот. Брановните форми што се користат за означување на 0 и 1 се разликуваат за точно една половина од превозникот бран. Ова е најмалиот FSK модулациски индекс што може да биде избран така што брановите форми за 0 и 1 се ортогонални. Варијанта на MSK се нарекува GMSK и се користи во GSM стандардот за мобилно телефони. FSK се користи во откривање на телефонскиот број кој не повикува.
Аудио FSK
уредиАудио FSK (AFSK) е модулациска техника во која дигиталните податоци се претставени со промени во честотата на аудио тоновите, давајки енкодиран сигнал погоден за трансмисија преку радио или телефон.Аудио алтернативите помеѓу два звука е : "означениот" претставува бинардно еден, а другиот, "просторот" претставува бинарно нула. АFSK се разликува од регуларната FSK во извршување на модулацијата во појасот на честота. Во радио апликациите AFSK модулираниот сигнал нормално се користи да модулира RF превозник(користејќи АМ или ФМ) за трансмисија. AFSK не се користи секогаш за брза податочна комуникација, откако е помалку ефикасна во моќност и преносливост, за разлика од другите модулациски модели. Во прилог на нејзината едноставност, AFSK има ја предноста да енкодира сигнали кои ќе поминат низ АС-врска, во која спаѓа опрема што пренесува музика или говор.
Апликации
уредиПовеќето рани модеми за телефонски линии користеле AFSK да праќаат и примаат податоци, брзината достигнувала околу 300 битови во секунда. Bell 103 модемот ја користел оваа техника. Дури и денеска , Северна Америка користи 1200 бауд AFSK за индентификација на повик во форма на Bell 202 стандардот. Дури и некои рани микрокомпјутери користеле специфични форми на AFSK модулација, пример за тоа е Канзас Сити стандардот за снимање на податоци на аудио касети. AFSK се користи во аметерски радиа, со што дозволува трансмисија на податоци низ немодифицирана звучна опрема. AFSK исто така се користи и во Системот за брза тревога на САД да пренесува предупредувачки информации.
Наводи
уредиdFSK: Distributed Frequency Shift Keying Modulation in Dense Sensor Networks