Ченаб

река во Индија и Пакистан

Ченаб или Чанаб (пенџапски: ਚਨਾਬ, урду: چناب, хинди: चनाब) — значајна река во Индија и Пакистан. Извира во горните делови на Хималаите, во округот Лахаул и Спити на сојузната држава Химачал Прадеш, Индија. Се образува со слевање на реките Чандра и Бага. Тече низ Џаму (сој. држ. Џаму и Кашмир) и продолжува во низината на Пенџаб, Пакистан. По договор, водите на Ченаб му припаѓаат на Пакистан.[3][4]

Ченаб
ਚਨਾਬ / چناب / चनाब
Ченаб во Аканур, Индија.
Земји Индија, Пакистан
Притоки
 - десни Марусадар[1]
Извор превојот Баралача
Утока влив Сатлеџ, образувајќи ја Панџнад
 - местоположба округ Бахавалпур, Пенџаб, Пакистан
Должина 960 км (приб.)
Истек во Ахонур
 - просечен 800,6 м3 [2]
Ченаб на сливната карта на Инд
Ченаб на сливната карта на Инд
Ченаб на сливната карта на Инд

Историја

уреди

За реката се знаело уште во ведскиот период (XVI-VII век п.н.е.)[5] кога се нарекувала Чандрабанга (санскрит: चंद्रभाग) или Асикни (санскрит: असिक्नी), а меѓу древните Македонци како Искмати (санскрит: इस्कामति) и Акесин.[6][7] Во 325 г. п.н.е. Александар Македонски го основал градот Александрија на Инд (на местото на денешните Уч, Митанкот или Чачаран во Пакистан) на вливот на Панџнад во Инд.[8]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Construction of power projects over Chenab“. Business Recorder. 26 August 2013. Посетено на 16 March 2017.
  2. ORNL, посет. 8 декември 2016 г
  3. „River Chenab“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 27 септември 2007. Посетено на 8 декември 2016.
  4. „Indus Waters Treaty“. The World Bank. Архивирано од изворникот на 2016-12-16. Посетено на 8 декември 2016.
  5. Yule, Henry; Arthur Coke Burnell; William Crooke. „Hobson-Jobson: A glossary of Anglo-Indian colloquial words & phrases and of kindred terms“. стр. 741. Посетено на 8 декември 2016.
  6. https://www.britannica.com/place/Chenab-River, Chenab River on Encyclopædia Britannica, 8 декември 2016
  7. Статија за Ченаб на Британика
  8. „Alexandria (Uch)“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2017-09-27.

Надворешни врски

уреди
  • Чинаб — Голема советска енциклопедија (руски)
  • Ченаб на Енциклопедија Британика 1911 (англиски)