Чандрасекара Венката Раман
Сер Чандрасекара Венката Раман, КД[2] (7 ноември 1888 – 21 ноември 1970) — индиски физичар, роден во поранешната провинција Мадрас, чии важни истражувања во полето на расејување на светлина го здобиле со Нобелова награда за физика во 1930. Тој открил дека, кога светлината преминува на транспарентен материјал, дел од отклонатата светлина ја менува брановата должина. Овој феномен сега е наречен раманово расејување и е резултат на рамановиот ефект.[3] Во 1954, тој беше почестен со највисоката граѓанска награда на Индија, Барат Ратна.[4][5]
Сер Чандрасекара Раман КД சந்திரசேகர் வேங்கட ராமன் | |
---|---|
Роден(а) | 7 ноември 1888 Тируванекавал, Тиручирапали, Провинција Мадрас, Британска Индија |
Починал(а) | 21 ноември 1970 Бангалор, Карнатака, Индија | (возр. 82)
Националност | Индиец |
Полиња | Физика |
Установи | Индиски сектор за финансии[1] Универзитет во Калкута Универзитет Банарас Хинду Индиска асоцијација за култивирање на наука Индиски научен институт Раманов институт за истражување |
Образование | Претседателски колеџ, Универзитет во Мадрас |
Докторанди | Г. Н. Рамачандран Викрам Амбалал Сарабхаи |
Познат по | Раманов ефект |
Поважни награди | Витешка диплома (1929) Хјузов медал (1930) Nobel Prize in Physics (1930) Барат Ратна (1954) Ленинова награда за мир (1957) Кралско друштво[2] |
Сопружник | Локасундари Аммал (1907–1970) |
Рани години
уредиРаман е роден во семејството Тамил Брахмин Ујер во Тируванекавал, Тиручирапали, (денеска Тиручирапали), провинција Мадрас Тамил Наду, во Британска Индија на Парвати Амма.
Семејство
уредиТаткото на Раман најпрво предавал во училиште во Тируванекавал, станал професор по математика и физика во колеџот А.В. Нарасимха Рао, Визагапатнам (тогаш Визагапатнам) во индиската држава Андра Прадеш, а подоцна се придружил на Претседателски колеџ во Мадрас (сега Ченај).[1][6]
Рано образование
уредиНа рана возраст, Раман се преселил во градот Визагапатнам и учел во Св. Алојзиус англо-индиско средно училиште. Раман го положил полуматурскиот испит на 11 години и неговиот средношколски испит (еквивалентен на денешниот матурски испит, ПУК и +2) со стипендија на 13 години.
Во 1902, Раман се придружил на претседателскиот колеџ во Мадрас каде неговиот татко предавал математика и физика.[7] Во 1904 тој го положил бакалауреатскиот испит: Тој бил прв и го освоил златниот медал по физика. Во 1907 тој добил магистерска диплома со највисок степен на почести.[1]
Кариера
уредиВо 1917, Раман поднесе оставка од својата државна служба откако тој беше назначен за прв професор по физика во универзитетот во Калкута. Во исто време, тој продолжил со истражување во индиската асоцијација за култивирање на наука (ИАКН), Колката, каде тој станал почесен секретар. На Раман овој период му бил познат како златната ера на неговата кариера. Многу од студентите се собираа околу него во ИАКН и универзитетот во Калкута.
На 28 февруари 1928, Раман предводел експерименти во ИАКН со соработниците, вклучувајќи го и К. С. Кришнан, на расејување на светлината, кога го открил она кое сега е познато како раманов ефект.[8] За овој период е направен детален опис во биографијата од Г. Венкатраман.[9] Беше веднаш јасно дека ова откритие беше од огромна вредност. Даде уште еден доказ за квантната природа на светлината. Раман имал комплициран професионален однос со К. С. Кришнан, кој изненадувачки не ја поделил наградата, но се споменува видно дури и во нобеловото предавање.[10]
Рамановата спектроскопија се појавила врз основа на оваа појава, и Ернест Радерфорд го вклучил и во неговата претседателска адреса во Кралското друштво во 1929. Раман бил претседател на 16-то заседание на индискиот научен конгрес во 1929. Нему му беа доделени витезштво, и медали и почесни докторати од различни универзитети. Раман бил убеден дека ќе освои Нобелова награда за физика, но се разочарал кога Нобеловата награда била доделена на Овен Виланс Ричардсон во 1928 и на Луј де Број во 1929. Тој беше толку сигурен дека ќе освои награда во 1930 што дури резервирал билети во јули, иако наградите требале да бидат објавени во ноември, и ги гледал весниците секој ден за да ја види најавата за наградата, фрлајќи ги ако во нив немало ништо за тоа.[11] Тој на крај ја освоил Нобеловата награда за физика во 1930 "за неговата работа на расејување на светлината и за откривање на рамановиот ефект".[12] Тој бил првиот Азиец и првиот небелец да добие каква било Нобелова награда за науката. Пред него Рабиндранат Тагор (исто индиец) добил Нобелова награфа за литература во 1913.
Раман и Сури Бхагавантам го откриле квантниот фотонски спин во 1932, кој уште повеќе ја потврдил квантната природа на светлината.[13]
Раман соработувал со Универзитет Банарас Хинду во Варанаси; тој присуствувал на основачката церемонија на УБХ[14] и држел предавања по "математика" и "некои нови патишта по физика" за време на серија предавања организирани во УБХ од 5 февруари до 8, 1916.[15] Исто така, тој имал функција како постојан гостински професор во УБХ.[16]
За време на неговиот мандат во ИНИ, тој го регрутирал талентираниот електротехнички студент, Г. Н. Рамачандран, кој подоцна станал истакнат рендгенски кристалографер.
Раман исто така работел на акустика на музички инструменти. Тој направил теорија за попречни вибрации за жици на гудачки инструменти, врз основа на суперпозициони брзини. Исто така, тој бил првиот кој кој ја испитувал хармоничната природа на звукот на индиските тапани како што се табла и мриданга.[17] Тој исто така бил заинтересиран за својствата на други музички инструменти засновани врз присилните вибрации како кај виолината. Исто така, тој истражувал за ширење на звукот во шептоливи галерии.[18] Рамановата работа за акустиката беше важен вовед, и експериментално и концептуално, сè до неговата подоцнежна работа за оптиката и квантната механика.[19]
Раман и неговиот ученик, Нагендра Нат, дале точно теоретско објаснување за Акусто-оптичкиот ефект (светлинско расејување од звучни бранови), во серија артикли кои резултирале со прославената Раман–Натова теорија.[20] Модулатори, и прекинувачки системи засновани на овој ефект овозможија оптички комуникациони системи врз основа на ласерски системи.
Раман бил наследен од Дебендра Мохан Бозе како прв професор по физика во 1932. Во 1933, Раман го напуштил ИАКН за да се придружи на индискиот научен институт во Бангалор како негов прв директор.[21] Други истражувања спроведени од страна на Раман беа експериментални и теоретски студии за дифракција на светлината од акустични бранови од ултразвук и хиперзвучни честоти (обј. 1934–1942), и оние продуцирани од ефект на X-зраци на ифрацрвени вибрации во кристали изложени на обична светлина.
Исто така, тој ја оформил компанијата Траванкор Хемикал и Мануфакторинг. (сега позната како TCM Limited) која произведлубала калиум хлорат за индустројата за чкорчиња[22] во 1943 заедно со Д-р Кришнамурти. Компанијата потоа поставила четири фабрики во јужна Индија. Во 1947, тој беше назначен за прв национален професор од новата влада за независна Индија.[23]
Во 1948, Раман, преку проучување спектроскопско однесување на кристалите, пристапил на нов начин кон фундаменталните проблеми со кристалната динамика. Тој се занимавал со структурата и својствата на дијамантот, структурата и оптичкото однесување на бројни ириденсцентни супстанци (лабрадорит, бисерен фелдспат, ахат, опал, and бисери). Меѓу неговите други интереси беа оптиките на колоиди, електрична и магнетна анизотропија, и психологијата на човечкиот вид.
Раман се пенионирал од индискиот институт за наука ви 1948 и го основал Рамановиот институт за истражување во Бангалор, Карнатака, година подоцна. Тој работел како директор и останал активен таму неговата смрт во 1970, во Бангалор, на возраст од 82.
Личен живот
уредиТој се оженил на 6 May 1907 со Локасундари Аммал (1892–1980).[24] Тие имаа два сина, Чандрасекар и и радио-астрономот Радакришна.
Раман бил татковски вујко на Субраманијан Чандрасекар, кој подоцна освоил Нобелова награда за физика (1983) за неговото откритие за чандрасекарова граница во 1931 и за неговите подоцнежни трудови за јадрени реакции неопходни за ѕвезден развој.
Достигнувања
уредиЗа време на патувањето во Европа во 1921, Раман ја заебележал сината боја на ледниците и Средоземното Море. Тој беше мотивиран да ја открие причината за сината боја. Раман вршел експерименти во врска со расејување на светлината од вода и транспарентни блокови од мраз, кој го објаснил феноменот.
Има настан кој служел како инспирација за рамановиот ефект. Една декемвриска вечер во 1927, рамановиот студент К. С. Кришнан (кој подоцна станал директор на националната лабораторија по физика) му ја пренел веста дека професорот Комптон ја освоил Нобеловата награда за неговите студии за расејување на рендгенските зраци. Ова го доведе Раман да теоризира дека доколку комптоновиот ефект е применлив за X-зраци, тогаш тоа може да важи и за светлината, и да се извршат неколку експерименти.
Раман употребил монохроматска светлина од живина ламба која пробивала преку транспарентен материјал и паѓала на спектрограф за да го сними спектарот. Тој открил линии во спектарот кои подоцна ги нарекол Раманови линии. Тој ја презентирал својата теорија на состанок на научници во Бангалор на 16 март 1928, и ја освоил Нобеловата награда за физика во 1930.
Книги
уредиЗа компактни трудови, види: Научни трудови на Ч.В. Раман, С. Рамасешан (издание).
- Том 1 – Расејување на светлината (из. С. Рамасешан)
- Том 2 – Акустика
- Том 3 – Оптика
- Том 4 – Оптика за минерали и дијаманти
- Том 5 – Физика на кристали
- Том 6 – Флорални бои и визуелна перцепција
Почести и награди
уредиРаман беше почестен со голем број на почесни докторати и членство на научни друштва.
-
Витешка диплома
-
Нобеловата награда за физика
-
Барат Ратна - Највисока граѓанска награда на Република Индија
-
Лениновата награда за мир
-
Соработник на кралското друштво
- Тој беше избран за член на кралското друштво[2] во почетокот на неговата кариера (1924) и прогласен за витез во 1929.
- Во 1930 тој ја освоил Нобеловата награда за физика.
- Во 1941 тој бил награден со френклински медал.
- Во 1954 тој бил награден со Барат Ратна.[25]
- Тој бил награден со Лениновата награда за мир во 1957. Во 1998, американското хемиско здружение и индиската асоцијација за култивирање на наука ги признале рамановите откритија како меѓународни историски хемиски обележја.[26]
Индија го слави националниот ден на науката на 28 февруари секоја година во чест на откривањето на рамановиот ефект во 1928.[27]
Архива на Раман научни трудови
уредиРамановиот институт за истражување, основан од Раман по неговиот мандат во ИНИ, составува збирка од рамановите научни трудови, и артикли на интернет.[28]
Смрт
уредиНа крајот на октомври 1970, тој паднал во својата лабораторија, од срцев удар. Тој бил однесен во болница каде докторите му дале уште четири часа за живеење. Тој преживеал и по неколку дена тој одбил да остане во болницата бидејќи тој претпочитал да умре во градината во неговиот институт до неговите цвеќиња.
Два дена пред да умре Раман, тој им кажал на своите поранешни студенти, "Не дозволувајте списанијата на академијата да умрат, зашто тие се чувствителни индикатори за квалитетот на науката која се истражува во земјата и дали науката пушта корења во неа или не." Истата вечер, Раман се сретнал со одборот на директори од неговиот институт и дискутирал (од неговиот кревет) со нив во врска со управувањето на институтот. Раман починал од природна смрт рано следното утро на 21 ноември 1970.
Посмртно признание и современи наводи
уреди- На 7 ноември 2013, Google Doodle направиле почест за Раман на 125 годишнината од неговиот роденден.[29][30][31]
- Пат во главниот град на Индија, Њу Делхи, е именувана во Ч. В. Раман марг.[32]
- Област во источниот дел на Бангалор е наречена ЧВ Раман Нагар.[33]
- Патот што минува северно од националниот семинарски комплекс во Бангалор е именуван во Ч. В. Раман Road.[34]
- Зграда во индискиот научен институт во Бангалор е именуван во Раман.[35]
- Болница во источниот дел на Бангалор на 80 Фт. ул. е именувана во Сер Ч В Раман.
- Во Ѕвездени патеки: Следната генерација, на Обединетата федерација на планетите има ѕвездената флота чиј брод е именуван по Раман.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 The Nobel Prize in Physics 1930 Sir Venkata Raman, Official Nobel prize biography, nobelprize.org
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Bhagavantam, S. (1971). „Chandrasekhara Venkata Raman 1888-1970“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 17: 564–526. doi:10.1098/rsbm.1971.0022.
- ↑ „Sir Venkata Raman - Biographical“. Nobel Peace Prize - Official website. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „Raman, Sir Chandrasekhara Venkata“. Encyclopædia Britannica, Inc. 2007. Посетено на 2007-09-11.
- ↑ G. Venkataraman, Journey into light: Life and Science of C. V. Raman, Indian Academy of Science, 1988. ISBN 818532400X.
- ↑ Prasar, Vigyan. „Chandrasekhara Venkata Raman A Legend of Modern Indian Science“. Government of India. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 7 November 2013.
- ↑ This Month in Physics History February 1928: Raman scattering discovered APS News Archives February 2009 vol.18 no.2
- ↑ „Raman Effect Visualized“. Посетено на 15 May 2014.
- ↑ Journey into Light: Life and Science of C. V. Raman by G. Venkataraman, 1988, [1]
- ↑ „Nobel Lecture, C.V. Raman“ (PDF). NobelPrize.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-08. Посетено на 15 May 2014.
- ↑ G. Venkataraman (1995), Raman and His Effect, Orient Blackswan, стр. 50, ISBN 9788173710087
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1930“. Nobel Foundation. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ Nature Physics Portal
- ↑ Singh, Binay (November 8, 2013). „BHU preserves CV Raman's association with university“. The Times of India. Посетено на 17 June 2015.
- ↑ Dwivedi, B. N. „Madan Mohan Malaviya and Banaras Hindu University“ (PDF). currentscience.ac.in. Посетено на 17 June 2015.
- ↑ Prakash, Satya (May 20, 2014). Vision for Science Education. Allied Publishers. стр. 45. ISBN 818424908X.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Raman, C.V. & Sivakali Kumar (1920). „Musical drums with harmonic overtones“. Nature. 104 (2620): 500. Bibcode:1920Natur.104..500R. doi:10.1038/104500a0.
- ↑ Raman, C.V. (1922). „On whispering galleries“ (PDF). Bulletin of the Indian Association for the Cultivation of Science. 7: 159–172.
- ↑ Banerjee, Somaditya (2014). „C. V. Raman and Colonial Physics: Acoustics and the Quantum“. Physics in Perspective. 16 (2): 146–178. Bibcode:2014PhP....16..146B. doi:10.1007/s00016-014-0134-8.
- ↑ C. V. Raman, N. S. Nagendra Nath, "The diffraction of light by high frequency sound waves. Part I", Proc. Ind. Acad. Sci., 1935
- ↑ „Indian Association for the Cultivation of Science (1876-)“. Indian Association for the Cultivation of Science. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2015-03-16.
- ↑ „About us“. TCM Limited - Official website. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ Parameswaran, Umma (2011). C.V.Raman : A biography. India: Penguin. ISBN 0143066897.
- ↑ Raman, Sir (Chandrasekhara) Venkata. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. 2004. Посетено на 1 October 2013.
- ↑ „Padma Awards Directory (1954–2007)“ (PDF). Ministry of Home Affairs. Архивирано од изворникот (pdf) на 2009-04-10. Посетено на 26 November 2010.
- ↑ „C. V. Raman: The Raman Effect“. American Chemical Society. Посетено на 6 June 2012.
- ↑ „Science Day: Remembering Raman“. Zee News. India. 27 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-01-12.
- ↑ The Raman papers archive curated by Raman Research Institute, Bangalore, India. C.V. Raman and his work
- ↑ „Google doodle to honour Dr. C.V.Raman“. Uncle Penkle website. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „C.V. Raman's 125th Birthday“. Google. 7 November 2013.
- ↑ „Google doodle honours Indian physicist Dr. C. V. Raman“. Times Feed. 6 November 2013. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „C.V.Raman Marg“. New Delhi. Wikimapia. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „C.V.Raman nagar“. Google maps. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „C.V.Raman road- Bangalore“. Google maps. Посетено на 6 November 2013.
- ↑ „Center of Nano science and engineering“. Indian Institute of Sciences. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на 6 November 2013.
Дополнителна литература
уреди- Banerjee, Somaditya (2014). „C. V. Raman and Colonial Physics: Acoustics and the Quantum“. Physics in Perspective. 16 (2): 146–178. Bibcode:2014PhP....16..146B. doi:10.1007/s00016-014-0134-8.
- Miller, Foil A; Kauffman, George (1989). „C. V. Raman and the Discovery of the Raman effect“. Journal of Chemical Education. 66 (10): 795–801. Bibcode:1989JChEd..66..795M. doi:10.1021/ed066p795.
- Ramaseshan S: C.V.Raman. Journal of Madras University, section B, Sept.1983, 46(1): 1–16.
- Scientific Papers of CV Raman, Ed. S Ramaseshan, Indian Academy of Sciences, Bangalore 1988.
- Sri Kantha S: The discovery of the Raman Effect and its impact in Biological Sciences. European Spectroscopy News, Aug/Sept. 1988, no.80, 20, 22, 24 & 26.
- Sri Kantha S: Raman's prize. Nature, 1989; 340: 672.
- Fabelinski I,L. Priority and the Raman Effect. Nature, 1990; 343: 686.
- „CV Raman centennial issue“. Journal of the Indian Institute of Science. 68 (11–12). 1988.
Надворешни врски
уреди„Чандрасекара Венката Раман“ на Ризницата ? |
- The Nobel Prize in Physics 1930 at the Nobel Foundation
- Nobel prize internet archive
- Path creator – C.V. Raman
- Nobel Lecture Архивирано на 16 мај 2008 г.
- Archive of all scientific papers of C.V. Raman
- Raman Effect: fingerprinting the universe
- The Quantum Indians: film on Raman, Bose and Saha на YouTube by Raja Choudhury and produced by PSBT and Indian Public Diplomacy.