Раманово засилување

Раманово засилување — засилување кое се заснова на феноменот на стимулирано Раманово расејување (СРР, SRS – Stimulated Raman Scattering), кога „сигнал“ фотон со пониска честота индуцира нееластично расејување на „пумпа“ фотон со повисока честота во оптички медиум во нелинеарен режим.[1] Како резултат на ова, се продуцира друг „сигнал“ фотон, при што вишокот енергија резонантно преминува во вибрационите состојби на медиумот. Овој процес, со другите процеси на стимулирана емисија, овозможува сеоптичко засилување. Оптичкото влакно денес е најупотребуваниот нелинеарен медиум за СРР, за телекомуникациски цели. Во овој случај тој се одликува со намалување на резонантната честота за ~11 THz (што одговара на поместување на брановата должина на ~1550 nm за ~90 nm). Процесот на стимулирано Раманово расејување може лесно да се каскадира, пристапувајќи така на која било честота во прозорците со ниски загуби (1310 и 1550). Покрај употребата во апликациите на нелинеарна и ултрабрза оптика, Рамановото засилување се користи во оптичките телекомуникации, при што овозможува покриеност на сите опсези на бранови должини и засилување на сигналите дистрибуирани во мрежата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Raman“, Oxford English Dictionary (3rd. изд.), Oxford University Press, September 2005 Invalid |mode=CS1 (help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)

Надворешни врски

уреди