Чаманто (шпански: chamanto; мапудунгунски: chamall (чамал, во превод волнена ткаенина))[1][2] ― традиционална украсна облека од средишно Чиле, слична на пончо и исткаена во свилен конец и волна. Целата нејзина контура е завршена со раб како лента. Традиционално, чилеанските празнични пончоа вклучуваат бои како сива, кафеава, црвена, црна и бела. Разликата помеѓу чаманто и другите пончоа е нивната двостраност, бидејќи двете страни - една светла, една темна - се корисни од двете страни да се носени. Традиционално, темната страна на пончото е користена преку ден, додека неговата светла страна најчесто е носена навечер.

Водачите на АТЕС/АПЕК носејќи чаманти за време на самитот во 2004 година.

Шамантоата го привлекле светското внимание кога биле носени од страна на 21 водач на Азиско-тихоокеанската економска соработка за време на службената фотографија на самитот во 2004 година.

Изработката на шаманто бара голема трудољубивост, поради извонредноста вклучена во ткаењето на свилата и волната, плус сложеноста на дизајнот скициран со вкрстување на нишките.

Фигурите што ги разубавуваат шамантоата вклучуваат копихуа, национален цвет на Чиле, јачмен и пченица, капини, гроздови грозје, фуксија, панси и разни птици претставници на националната фауна.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  • Jill Condra (9 април 2013). Encyclopedia of National Dress: Traditional Clothing Around the World. ABC-CLIO. стр. 136. ISBN 978-0-313-37637-5.

Наводи

уреди
  1. Muñoz Urrutia, Rafael, уред. (2006). Diccionario Mapuche: Mapudungun/Español, Español/Mapudungun (шпански) (2nd. изд.). Santiago, Chile: Editorial Centro Gráfico Ltda. стр. 136. ISBN 956-8287-99-X.
  2. „Chamantos“. www.memoriachilena.gob.cl/. 2018. Посетено на 23 декември 2023.

Надворешни врски

уреди