Црн Камен (планински врв)
Црн Камен е име кое го носат неколку планински врвови во Македонија. Името Црн Камен го носат врвови на: Шар Планина со надморска височина од 2.320 метри, највисокиот врв на планината Јабланица висок 2.258 метри и врв на средишното било на Скопска Црна Гора висок 1.585 метри надморска височина. Заедничка одлика на планинските врвови кои го носат името Црн Камен се карпести гребени со многу стрмна и изразита издаденост, каменест состав со црна или темна сива боја која во однос со тревнатата околина има изразита црна боја. Дополнителна заедничка одлика е и меридијански правец на протегање на сртот од север кон југ што во однос на долините и населените места во нив им дава напоредничка поставеност исток - запад. Токму заради ваквата поставеност поради која зад овие врвови заоѓа сонцето тие за време на зајдисонце набљудувани од далеку или од населените места од исток во долините кои ги заградуваат на запад изгледаат црно и затемнето што веројатно е и причината за ваквото нивно именување од населението. Дополнителна причина за ваквото именување веројатно се и водотеците кои се слеваат по карпите и на камењата им даваат црна боја, каков што е случајот со месноста Црн Камен кај Велес.
Поврзано
уреди- Црн Камен — село кај Виница
- Црн Камен — карпа со водопад со чудотворна и лековита моќ кај Велес
- Црн Камен — полуостров на Мавровското Езеро, меѓу селата Никофорово и Леуново
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |