Црница (река)
Црница — река во централна Србија, десна притока на Голема Морава. Извира во Сисевачкиот басен на западната страна на планината Кучај. Минува низ Давидовачкиот речен слив и кањон од варовник и габро, а потоа продолжува низ Параќин и западно од него се влева во Голема Морава. Црница е долга 28 километри, а нејзиното сливно подрачје изнесува 300 км2. Нејзиниот среден проток изнесува 2,5 м3/с. Сливот на Црница годишно просечно добива 630 мм дождовница. Најголема притока на Црница е Грза, која исто така извира во атарот на Кучај и го сочинува левиот крак на Црница, со скоро иста јачина. Изворниот предел на Црница (врелото во Сисевац) е пошумен и населен. Варовничкиот кањон на оваа река е длабок и меандричен.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Белград: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковиќ, Јоан (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сараево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
„Црница (река)“ на Ризницата ? |