Црниот капут
Црниот капут е расказ од руската писателка Људмила Петрушевска. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Ѓорѓи Крстевски.
Содржина
уредиЕдна девојка се наоѓа во непознато место, облечена во нечиј црн капут. Таа не знае која е и како се вика и не се сеќава на ништо. Запира еден камион и таа се качува во него, одејќи до железничката станица. Потоа, таа продолжува да скита низ градот и повторно се качува во истиот камион, но овојпат, возачот и бара да плати за возењето. Таа нема пари кај себе и лаже, велејќи дека живее во една од блиските згради. Таму, девојката и возачот на камионот влегуваат во еден стан, во кој има куп партали. Потоа, девојката бега од станот и влегува во друг стан, во кој среќава непозната жена, која ги потрошила свиоите чкорчиња од кибритот, така што не може да се разбуди. Девојката и ги дава своите чкорчиња на жената, а во џебот на црниот капут наоѓа ливче на кое пишува: Не обвинувајте никого, мамо, простете ми. Истовремено, непознатата жена има ливче на кое пишува: Повеќе не можам вака, деца мои, ве сакам. Девојката не знае што значи напишаното, но откако ќе го соблече капутот пред себе гледа една сцена на млада девојка, која останала бремена и која сака да се обеси, додека нејзините родители се во другата соба.
На крајот од расказот, девојката се буди и го трга шалот со која сакала да се обеси на цевката од парното. Потоа, слушајќи ги чекорите на мајка си, таа набрзина легнува во креветот, а мајка и вели дека сонувала страшен сон. Истовремено, во друг дел од градот, една жена ги плука апчињата кои ги проголтата со намера да изврши самоубиство, а потоа оди во соседната соба и ги гали своите заспани деца.[1]
Наводи
уреди- ↑ Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 250-265.