Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Селце
Успение на пресв. Богородица — црква кај прилепското село Селце, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Успение на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′31.0″N 21°34′40.9″E / 41.325278° СГШ; 21.578028° ИГД |
Место | Селце |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1871 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е сместена во Долното Маало, на источниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток. Изградена е во 1871 година. Не е живописана, но има убав оригинален иконостас кој е изработен од дрво и насликан.[1] Ктиторскиот натпис гласи:
„ | ИЖЕ ВО СЕЛО СЕЛЦЕ
СЕЙ СВѦЩЕННЫЙ ХРАМ УСПЕНІЕ ПРЕСВѦТЫѦ БЦЫ СОГРАДИСѦ Ѿ ѠСНОВАНІѦ ИЖДИ- ВЕНІЕМЪ ПРАВОСЛАВ- НЫХЪ ХРІСТІАНЪ ВО ЛѢТО Ѿ ХРТА 1871. СЕПТЕМВРІА 30[1] |
“ |
Камбанаријата е дело на градителот Димко Тавчија. На плочата за неа се наведуваат иселениците во Америка кои дале парични средства за нејзино отпочнување. Како датум е даден 19 март 1910 г.
Слики
уреди-
Ктиторскиот натпис на црквата
-
Натисот на камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Црква „Успение на Пресвета Богородица", село Селце“. Old Prilep. Посетено на 4 јануари 2022.