Црква „Успение Богородично“ (Копривштица)
Црквата „Успение Богородично“ е црква во градот Копривштица, Бугарија.
Црква „Успение Богородично“ Църква „Успение Богородично“ | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Копривштица, Бугарија |
Координати | 42°37′59″N 24°21′00″E / 42.633° СГШ; 24.35° ИГД |
Митрополија | Софиска област |
Земја | Бугарија |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | Преродбена архитектура |
Изградена е во 1817 година на местото каде претходно постоел храм, но бил изгорен од крџалиите. Се смета дека градбата била издигната за само 11 дена. Претставува ниска зграда, слабо осветлена, вкопана во земја, екстериорно обоена, налик на обична куќа.
Интересен е иконостасот, кој е дело на еден од големите бугарски мајстори-резбари - Хаџи Георги од Видин, претсавник на Тетевенската школа. Завршен е 4 години по изградбата на црквата и е уккрасен со библиски мотиви, растенија и животни. Иконите исто така се правени од одлични мајстори - Захари Зограф, Иван Николов Образописов, Иван Спасковски и Христо Енчев.