Црква „Сите Светители“ - Негуш
црква во Негуш, Егејска Македонија
Сите Светители (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Πάντων) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Сите Светители | |
---|---|
Αγίων Πάντων | |
Поглед на црквата од запад | |
40°37′37.0″N 22°3′53.9″E / 40.626944° СГШ; 22.064972° ИГД | |
Место | Негуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | куполна базилика |
Изградба | 1974 - 1977 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Негушко |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е мал храм на брегот на реката Арапица под месноста Жертвено Место. Граден е од 1974 до 1977 г. во стар стил. Градбата претставува базилика со купола и зафаќа површина од околу 100 м2. Проектот е дело на архитектот Танасис Фотиадис, а внатрешноста ја живописал Манолис Параскевас. Иконостасот е дрвен и позлатен. Надвор од храмот има лековит извор.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 54. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.