Црква „Св. Христофор“ - Крстоар

црква во селото Крстоар

Свети Христофор — главна манастирска црква на Крстоарскиот манастир во битолското село Крстоар.[1]

Свети Христофор

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°59′19″N 21°20′29″E / 40.98861° СГШ; 21.34139° ИГД / 40.98861; 21.34139Координати: 40°59′19″N 21°20′29″E / 40.98861° СГШ; 21.34139° ИГД / 40.98861; 21.34139
Место Крстоар
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Христофор
Изградба XIX век
Завршено 1837
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба уреди

Црквата е сместена на околу 5,5 километри од градот Битола. До него води асфалтен пат, најпрвин до селото Крстоар. Од селото, асфалтниот пат продолжува во должина од еден километар, на моменти стрмен и тесен.[2]

Дополнително, до манастирот може да се пристигне и преку соседното село Буково, од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.[2]

Историја уреди

Црквата била подигната во четвртата декада од XIX век. Претрпела сериозна обнова во 1926 година.[2]

Архитектура уреди

Претставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.[2]

Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.[2]

Фрескоживопис уреди

Живопис се забележува и на надворешноста, односно има насликана претстава на Свети Христофор над западниот влез. Насликан е во медаљон, претставен во цел раст со повеќето негови атрибути. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје, а со левата го придржува маченичкиот крст. Покрај тоа, запишана е 1926 година како година на сликање на претставата.[2]

Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.[2]

Иконостас уреди

Иконостасот во црквата бил направен во третата декада од XX век. Бил направен со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и на северниот дел.[2]

Во црквата се зачувани само неколку празнични икони од XIX век.[2]

Галерија уреди

Историски фотографии

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 29 април 2019.

Надворешни врски уреди