Црква „Св. Фануриј и Св. Јован Претеча“ - Солун
Свети Фануриј и Свети Јован Претеча (грчки: Αγίου Φανουρίου και Τιμίου Προδρόμου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Фануриј и Свети Јован Претеча | |
---|---|
Αγίου Φανουρίου και Τιμίου Προδρόμου | |
40°36′55″N 22°57′57″E / 40.61528° СГШ; 22.96583° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1923 – 1928 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа во населбата Горна Тумба, на улица „Јанина“ бр. 130.[1][2]
Храмот е изграден од грчките доселеници, дојдени во 1922 г. од Источна Тракија, Мала Азија, Кападокија и Понд. На 25 јуни/8 јули 1923 г. митрополитот Генадиј Солунски го поставил камен-темелникот на храмот. Проектант бил архитектот Рувенс. Црквата е отворена пет години подоцна, на 7 октомври 1928 г. од Генадиј Солунски. Наречена е по два светци — Свети Фануриј по желба на жителите, а Јован Претеча по желба на митрополитот.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Во посебна зграда спроти храмот се канцелариите на свештениците и духовниот центар. Во храмот се чува икона на Богородица Владетелка на реката, донесена од дојденците од Родосто, како и мошти од Свети Арсениј и Свети Никола Планас.[1]
Црквата има четири параклиси — „Сите Солунски Светители“ во дворот, „Свети Арсениј Кападокиски“, прилепен до храмот, „Свети Четириесет Маченици“ во женската црква и „Свети Никола Планас“, исто така во женската црква.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 26.
- ↑ „Άγιος Φανούριος - Τίμιος Πρόδρομος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-24. Посетено на 16 октомври 2016.