Црква „Св. Троица“ - Бел Камен

црква во Бел Камен, Леринско

Света Троица (грчки: Αγίας Τριάδος) — црква во селото Бел Камен, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Света Троица
Αγίας Τριάδος
Поглед на преостанатата камбанарија од старата црква
Карта
40°40′35″N 21°27′13″E / 40.67639° СГШ; 21.45361° ИГД / 40.67639; 21.45361
МестоБел Камен, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1853
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Црквата е изградена во 1853 г. Претставува куполна базилика. Има убав резбан и насликан иконостас. Тој е живописуван заедно со фреските од меси зографи кои работеле на Света Гора, од каде е донесена покровителската икона на Светото Тројство.

За време на грчката вооружена пропаганда во Македонија во храмот се криело оружје. Црквата е уништена од германски единици на 4 април 1944 г. заедно со целото село, а од храмот останала само камбанаријата.[1][2]

Во 1958 г. во урнатините на храмот е изградена помала црква со истото име.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Η Ιστορία της Δροσοπηγής (Μπελκαμένης) Φλώρινας“. Florina History. Посетено на 1 јануари 2016. Занемарен непознатиот параметар |дате= (help)
  2. 2,0 2,1 „Δυτική Μακεδονία: Φλώρινα, Δροσοπηγή, Νυμφαίο“. Посетено на 1 јануари 2016.