Црква „Св. Стефан“ - Несебар
Свети Стефан или Новата митрополија — средновековна црква во градот Несебар, Бугарија. Влегува во состав на Сливенската епархија на Бугарската православна црква.
Свети Стефан | |
---|---|
Поглед на црквата | |
42°39′28″N 27°43′59″E / 42.65778° СГШ; 27.73306° ИГД | |
Место | Несебар |
Земја | Бугарија |
Вероисповед | Бугарска православна црква |
Архитектура | |
Статус | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XI - XIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бургас |
Епархија | Сливенска |
Црквата, заедно со околниот историски центар, била прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1983 година.[1] Исто така е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.
Опис
уредиЦрквата е изградена во XI - XIII век.[2] Во XVI век градбата бил проширен западниот ѕид, а во XVIII век е додаден трем.[2] Градбата претставува трикорабна базилика со повисок среден кораб. Димензиите на храмот се 12 x 9,50 метри. Црквата била изградена од камен и тули.[2] При нејзината изградба се употребени сполии (материјали земени од античка градба).[2]
Корабите се одделени со два реда мермерни столбови и правоаголни столбови поврзани со сводови. На исток има три полукружни апсиди кои завршуваат на корнизот со сводови. Покривот е наведнат и средниот кораб се издига над страничните. Во источниот дел, над сводовите под корнизот има украсени застаклени панели.
Првично црквата била посветена на Богородица, но подоцна била преименувана во Свети Стефан. Според ктиторскиот натпис над јужниот влез на наосот, храмот е живописан во 1599 г.[2][3]
Во црквата е зачуван оригиналниот иконостас од крајот на XVI век, резбан владички престол и амвон од крајот на XVIII век. Во храмот се зачувани вредни фрески од XVI - XVIII век[3], а најстарите се од XI век.[2] Иконостасот е од резбано дрво. Составен е од три реда, но зачувани се само двата регистри. На иконостасот се претставени Христос, Дванаесетте апостоли, Богородица и Св. Јован Крстител.[3] Панелите на иконостасот се украсени во ориентален стил, т.н. „Лале“.
Внатрешноста и фреските на црквата се обновени во 2008 г.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Ancient City of Nessebar“. whc.unesco.org. Посетено на 2024-03-19.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Църквата "Св. Стефан", Архивирано од изворникот на 15 јули 2019, Посетено на 18 март 2024
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Несебър - църкви и забележителности“. pravoslavieto.com. Посетено на 19 март 2024.