Црква „Св. Сава“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Сава (грчки: Άγιος Σάββας) или Пресвета Владичица Богородица (Παναγία Κυριώτισσα) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од најважните византиски споменици во градот.[1] Има улога на парохиски храм.[2]

Свети Сава
Άγιος Σάββας
Поглед на црквата
Карта
40°31′13″N 22°12′13″E / 40.52028° СГШ; 22.20361° ИГД / 40.52028; 22.20361
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Храмот е изграден во XIV век. Првично бил трикорабна базилика со дрвен покрив. На почетокот на XIX век на неколку наврати е преуредуван. Од првобитниот храм денес постојат источниот ѕид и ѕидовите на жртвеникот и ѓаконикот, какко и апсидата со впечатлива керамопластични украси, на која со тули е напишано „ПАЛЕОЛОГИНА“ (ΠΑΛΑΙΟΛΟΓΙΝΑ). Внатре се зачувани фрески од XIV век, впеатливи по својот реализам, како и вредни византиски икони. Долги години црквата била позната како „Пресв. Владичица Богородица“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Σάββας της Κυριώτισσας (Παναγία Κυριώτισσα)“. Discover Veria. Посетено на 24 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 24 јули 2016.