Црква „Св. Преображение Надворешно“ - Негуш

црква кај Негуш, Егејска Македонија

Свето Преображение Надворешно (грчки: Μεταμόρφωση του Σωτήρος, έξω Αγιος Σωτήρας) — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свето Преображение Надворешно
Μεταμόρφωση του Σωτήρος
Карта
40°35′59.4″N 22°3′17.3″E / 40.599833° СГШ; 22.054806° ИГД / 40.599833; 22.054806
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабен храм
Завршена1906
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се наоѓа на неколку километри југозападно оД градаот, по патот за Долно Шел. Сместена е на надморска височина од 600 м во пазувите на Каракамен. Во минатото била црква на манастир кој повеќепати бил рушен од Турците. Обновена е во 1906 г.[1]

Градбата претставува камена трикорабна базилика без купола.[1]

Во храмот има две фрески на негушкиот зограф Димитрис (Такис) Скупер[1] (1990), сместени крај влезот. Иконите на иконостасот и Христос Седржител се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу. Има и дела на зографот Такис Хасјурас, како и на непознати постари зографи.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 55. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
  2. Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 56. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.