Црква „Св. Петка“ - Суха Бања

црква во Суха Бања, Нигритско

Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Суха Бања, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Карта
40°56′51.2″N 23°27′22.1″E / 40.947556° СГШ; 23.456139° ИГД / 40.947556; 23.456139
МестоСуха Бања, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1894
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата е гробишен храм сместен на јужниот крај на селото. Изградена е во 1894 г. според натписот на неа. Бидејќи нема зачувани документи за осветување, храмот е осветен на 9 октомври 2009 г. Градбата претставува сводеста трикорабна базилика.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής Αγία Παρασκευή“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.