Црква „Св. Петар и Павле“ - Пехчево

црква во градот Пехчево

„Св. Петар и Павле“христијански храм кој се наоѓа во Пехчево, Општина Пехчево.

Црква Св. Петар и Павле
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Пехчево
Општина Пехчево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Свети Павле
Архитектонски опис

Црквата била изградена во 1858 година. Христијанскиот храм претставува пространа трикорабна црква, со една апсида, со затворен трем и женска црква. Натписот за изградбата на црквата се наоѓал на две плочи кои се наоѓале над влезот од црквата. Според бугарскиот уметник Асен Василиев, датумот на изградба на црквата бил 25 мај 1858 година. Според други податоци годината на изградба била 1856. Храмот бил изграден со камен од Валевичка Река, а дрвените столбови во внатрешноста од Брезница и Рамно поле. Во црквата работело и училиште.

Црквата пострадала од земјотресот во Пехчевско во 1904 година. Како последица од земјотресот, камбанаријата и црковното училиште биле разрушени. Во 1978 година по одлука на општината старата црква била разрушена и на нејзино место била изградена нова со голема централна купола и три апсиди. На 9 октомври 1988 година истата била осветена.