Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Агларци

црква во селото Горно Агларци

Свети Петар и Павле – главна селска црква на селата Горно и Долно Агларци.[1][2]

Свети Петар и Павле

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Новачка
Местоположба

Карта

Координати 41°05′27.9″N 21°28′24.6″E / 41.091083° СГШ; 21.473500° ИГД / 41.091083; 21.473500
Место Горно Агларци
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Павле
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата е сместена непосредно од десната страна на патот кој ги поврзува селата Долно и Горно Агларци.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Христовото распнување, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска на којашто се претставени Свети Петар и Павле. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а дрвениот иконостас содржи икони во два реда над ѓаконските порти и царските двери.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошни објекти. Камбанаријата е со квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една отворена монофора на секоја страна. Во целост е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Горно Агларци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди