Црква „Св. Пантелејмон“ - Арапово

црква во Арапово, Солунско

Свети Пантелејмон (грчки: Αγίου Παντελεήμονος Νέας Μαγνησίας) — црква во селото Арапово, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Пантелејмон
Αγίου Παντελεήμονος
Карта
40°41′16″N 22°50′38″E / 40.68778° СГШ; 22.84389° ИГД / 40.68778; 22.84389
МестоАрапово, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1947 - 1953
Управа
ЕпархијаНеаполско-ставруполска

Камено-темелник на храмот е поставен во 1947 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Градбата претставува трикорабна базилика без особени архитектонски одлики и со вградена камбанарија. Црквата е свечено отворена на 18 октомври 1953 година од митрополитот Пантелејмон Солунски и неговиот викарен епископ Тимотеј Мирски. Од 1975 до 1994 г. се градел надворешниот трем.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ι. Ν. Αγ. Παντελεήμονος Νέας Μαγνησίας“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2017-07-04. Посетено на 2016-10-08.