Црква „Св. Никола Калократов“
црква во Бер
Свети Никола Калократов (грчки: Άγιος Νικόλαος του Αρχοντος Καλοκρατά, Λαμαρινάς, Αμολεύτου) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од пархијата „Сретение Господово“.[2]
Свети Никола Калократов | |
---|---|
Άγιος Νικόλαος του Αρχοντος Καλοκρατά | |
Поглед на црквата | |
40°31′34.7″N 22°12′4.4″E / 40.526306° СГШ; 22.201222° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е изградена во XIV век.[1] Според ктиторскиот натпис, во 1566 г.[3][4] архонтот Комнин Калократ нарачал храмот да се обнови како трикорабна базилика и негово целосно живописување. Во жртвеникот се зачувани малку фрески од XIV век, а главниот живопис е од периодот на обонова во 1566 г.[1]
Името Αμόλευτος (Незаразен) се должи на тоа што единствено неговото маало останало незасегнато од масовната епидемија во градот.[5]
Фрески
уреди-
Од апсидата, XIV век
-
Од лак, 1566 г.
-
Од лак, 1566 г.
-
Од ѕид во наосот, 1566 г.
-
Ктиторскиот натпис
-
Фрески во апсидата, XIV век
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Άγιος Νικόλαος Αμολεύτου“. Discover Veria. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 24 јули 2016. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ Βουδούρη, Αθανασίου Γ (2008). Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή. стр. 63. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „2015-12-6 στους Άγιους Νικόλαους στην Βέροια“. Η ιστορία μιας παρέας απο την Βέροια. Посетено на 24 јули 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола Калократов“ на Ризницата ?