Црква „Св. Никола Блажен“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија
Свети Никола Блажен (грчки: Άγιος Νικόλαος της Μακαριώτισσας) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2]
Свети Никола Блажен | |
---|---|
Άγιος Νικόλαος της Μακαριώτισσας | |
40°31′18.99″N 22°12′21.29″E / 40.5219417° СГШ; 22.2059139° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | еднокорабен храм |
Завршена | XVI век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во XVI век. Првично бил еднокорабен храм со дрвен покрив. На почетокот на XVIII век црквата претрпела многу архитектонскиинтервенции, така што денес е зачуван само дел од западниот ѕид. Според натписот од 1571 – 1573 г. ктиторка на цкрвата била монахињата Ревека. Во припратата на западниот ѕид во жртвеникот се зачувани фрески од XVI и XVIII век.[1][3]
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Νικόλαος της Μακαριώτισσας“. Discover Veria. Посетено на 20 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 20 јули 2016.
- ↑ „2015-12-6 στους Άγιους Νικόλαους στην Βέροια“. Η ιστορία μιας παρέας απο την Βέροια. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]