Црква „Св. Никола“ - Куманич (Драмско)
црква во Куманич, Драмско
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Куманич, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
41°21′2.2″N 23°47′55.9″E / 41.350611° СГШ; 23.798861° ИГД | |
Место | Куманич, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабен храм |
Завршена | 1831 |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Црквата е гробишен храм на селото, изградена во 1831 г. Претставува еднокорабен храм со полукружна апсида и димензии од 15 × 6,25 м. Во 1950 г. е направен обемен ремонт на храмот, при кој нартексот е вклучен во наосот. Во внатрешноста е зачуван изворниот дрвен иконостас со вредни икони од 1831 г.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.